Австрија со рекорден број новозаразени од попуштањето на мерките


 

Во Австрија, во последните 24 часа забележан е нов рекорден број новозаразени, најголем од попуштањето на мерките, 40 отсто повисок од претходниот ден.

Така, ширум земјата регистрирани се нови 169 случаи, а најмногу во горна Австрија. За споредба, вчера имаче 114 нови, во средата 115, во вторникот 96, а во понеделникот 54.

Во моментот има 1.393 активно заболени, 99 во болница, а 11 на интензивна нег.

Од почетокот на епидемијата 19.352 лица се позитивно тестирани на корона вирус, а оздравеа 17.335.

Вкупно се тестирани 734.413.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер денеска рече дека може да се врати задолжителното носење маски.

Имено, засега маска мора да се носи во градски превоз, воз, аптеки и болници. Но, не и во продавници, а тоа беше ослучено со попуштањето на мерките.