Се омажи данската премиерка Фредериксен, два пати ја одложи свадбата

Данска- Данската премиерка Мета Фредериксен (42) конечно се омажи за својот избраник, данскиот режисер Бо Тенберг (55). Двојката два пати ја одложуваше венчавката заради политичките обврски на Фредериксен.

На интимната церемонија во црквата Маглеб на данскиот остров Зеланд, присуствувале 90 гости, меѓу нив и Пол Расмусен, поранешниот дански премиер. Фредериксен, најмладата премиерка на Данска, од претходниот брак има две деца, а ова е втор брак и за Тенберг.

Фредериксен и нејзиниот сопруг Бо Тенберг се запознале во 2014 година, а се свршени од 2017 година, објави весникот „Екстра Бладет“.