Страницата на ДИК повторно во проблеми


Веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) повторно се соочува со проблеми откако утрово беше во функција. Сега ги покажува податоците за излезеноста на изборите, но не и резултатите од гласањето.

Страницата на ДИК беше недостапна во изминативе два дена по хакерскиот напад кој се случи на денот на изборите.


Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, синоќа информираше дека полицијата била известена за хакерскиот напад на веб-страницата на ДИК и дека станува збор за надворешен напад. Според него, станува збор за хакерски напад, кој предизвикал мало одложување на оперативната активност.