Пензиите за јуни ќе се исплатат предвреме почнувајќи од овој петок


 Пензиите за јуни ќе се исплатат предвреме почнувајќи од 26 јуни 2020 во четири групи. Владата денеска на седница ја разгледа информацијата за исплата на пензиите со утврден распоред за исплата на пензиите за  јуни, со цел да се избегне ризикот од КОВИД-19, според која сите банки дале согласност јунските пензии да бидат предвреме процесуирани […]

Затворените трговски ќе работат и во недела


На денешната седница Владата донесе одлука, од петок, 26 јуни, угостителските објекти да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа. Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите. За сите овие […]

Гнев во Белгија поради журка на студенти од елитниот Европски колеџ од Бриж


Студентите од реномираниот Европски Колеџ во Бриж организирале масовна журка на која се прекршени препораките за борба против коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел. Политичките партии и медицинските лице минатиот викенд силно ја критикуваа недозволената журка организирана на плоштад во Брисел, но овој пат гневот е дотолку поголем кај населението што станува збор за […]

Извадоци од книгата на Болтон за политиката на Трамп кон Иран, Кина, ОН и Русија


Поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон, во својата нова книга напиша дека претседателот Доналд Трамп не го послушал неговиот совет да бомбардира три воени објекти на Иран во одговор на соборувањето на американското беспилотно летало. Трамп, наводно бил спречен поради фактот дека може да убие 150 луѓе кои наводно се наоѓале во близина на […]

Предавањето на наградата за Преспанскиот договор на Заев и Ципрас одложена заради Ковид-19


Поранешните премиери на Северна Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас се овогодишни добитници на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, со која им се дава признание за Преспанскиот договор со кој е постигнато решение на спорот за името, но доделувањето поради Ковид-19 се одложува за 2021 година. Наградата првично требаше да им […]

Царовска и Шкријељ: Пензиите се сигурни, исплатите се редовни, одговорно се грижиме за пензионерите


Пензионерите се сигурни – пензиите ги добиваат предвреме, а пензискиот систем е стабилен. Во секоја пензија што се исплатуваше изминатите месеци беше вградено и јануарското покачување. Не дозволивме ниту здравствено-економската криза да се одрази на стандардот на повозрасните членови на нашата заедница, нивните месечни приходи редовно пристигнуваат, порачаа денеска вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила […]

Нема веќе тест за влегување во Македонија, аеродромите ќе работат од 1 јули


Од 26 јуни се укинуваат задолжението за приложување на негативен ПЦР тест и самоизолација од 14 дена при влез во Македонија, одлучи попладнево Владата. Владата на синоќешната седница веќе олабави и други мерки. Дозволи организиран превоз во Полошкиот регион.Се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово и […]

Поради Koвид-19 нема одење на аџилак


Исламската верска заедница годинава нема да организира заминување на аџилак по најавите дека Саудиска Арабија ќе прими ограничен број верници. Во соопштението на ријасетот кое го потпиша в.д. реисот Шаќир ефенди Фетаху се наведува дека причините се опасноста од КОВИД-19 и ограничувањата кои ги воведе Саудиска Арабија. Во обраќањето до верниците, се наведува дека ИВЗ […]

Црна Гора го отвора последното преговарачко поглавје


Белгија– Земјите-членки на ЕУ дадоа зелено светло за отворање на последното неотворено поглавје во пристапните преговори со Црна Гора. Станува збор за Поглавјето осум, кое ги регулира проблемите со конкуренцијата и кое Црна Гора треба да го отвори на Меѓувладината конференција следната недела. Предлогот за отворање на последното поглавје за преговори со Црна Гора го […]

Најмногу активни случаи и натаму во Чаир – 402, следат Гази Баба, Бутел, Сарај, Аеродром, Центар и Карпош


Од новите 118 дијагностицирани со коронавирус од тестирањата во изминатите 24 часа, најголем број 55 случаи се од Скопје. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во градот досега се дијагностицирани 2.588 случаи, а активни се 1.734 случаи. Меѓу општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, најголем број активни случаи со […]

Кејт Мос го носи боемскиот гламур во новата кампања на „Џими Чу“


Англија– Супермоделот Кејт Мос е најновата муза на кралот на чевлите „Џими Чу“ за најновата кампања #INMYCHOOS на луксузниот британски бренд. Кампањата, која служи како франшиза за раскажување приказни од Џими Чу, ги слави жените кои се издвојуваат во индустријата за мода и забава. Други заштитни лица  вклучени во кампањата се Сиена Милер и Рози […]

Шекеринска: Енергетиката е столбот на развојот на економијата


Енергетиката е столбот на развојот на економијата и затоа како Влада го поддржавме овој капитален проект за реконструкција на ТС Битола-2, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за време на денешната промоција на завршениот проект со кој ТС Битола-2 првпат се приклучува на преносната мрежа по далечната 1982 година. Според Шекеринска, завршените проекти […]

Нови 118 случаи со корона вирус, четворица починаа, 74 оздравени


Нови 118 случаи на заразени со Ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа во земјава, четворица починати и 74 оздравени. Во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 55 -Куманово 9 -Дебар 1 -Штип 1 -Прилеп 4 -Тетово 20 -Струга 2 -Велес 2 -Битола 1 […]

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од ветувањата за раст од најмалку 4 отсто, пораст на платите за 25 отсто, 4 милијарди евра странски инвестиции…


Корона кризата не ги намали ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ – во економската програма што ја претстави денес во Битола на веќе познатите најави за економски раст од најмалку 4 до 5 отсто годишно, зголемување на платите за 25 отсто во текот на четиригодишниот мандат, 4 милијарди вера странски директни инвестиции, рамен данок од 9, па на […]

Владата го одложи проблемот со сателитските програми за ноември


Со уредбата која ја донесе Владата на 22 јуни  само времено се одложи проблемот со реемитување на телевизиските канали, бидејќи само се пролонгираше рокот до ноември 2020 година, но остана обврската за исполнување на наметнатите неуставни обврски, извести денес Здружението на информатичко-комуникациски технологии. -Со донесувањето на Уредбата пред истекот на вонредната состојба, не се дојде […]

Поранешниот претседател на Киргистан, Атамбаев, осуден на 11 години затвор


 Поранешниот киргистански претседател Алмазбек Атамбаев е осуден на 11 години и два месеци затвор за неговата улога во ослободувањето на еден мафијашки шеф од затвор.Судот во Бишкек, исто така, донесе одлука имотот на Атамбаев да биде запленет, а неговите титули да бидат отповикани. Атамбаев (63) не присуствуваше на денешното рочиште поради болест. Судот пресуди дека […]

„Метаморфозис“: Изборниот систем останува потенцијален извор на кризи


Изборниот систем на Македонија бележи подобрувања во 2020 година во однос на лани, кои главно се однесуваат на повеќе измени во Изборниот законик од февруари годинава. Но, сепак, поради стариот изборен модел кој сè уште е на сила, изборниот систем и натаму може да се смета како потенцијален извор на политички кризи. Ова е главниот […]

Достапна веб страница за сите трошења на парите собрани за епидемијата


Податоците за сите финансиски и нефинансиски донации, како и податоци за сите исплати од буџетот направени за справување со кризата се јавно достапни на веб страница за финансиска транспарентност на Владата,  КОВИД-19 кризата, информираше денеска министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски. Алатката е достапна на надградената веб страница и на едно место ги сублимира […]

Во Грција слетуваат авиони со заразени


Меѓу 9.349 патници, кои од странство пристигнале на атинскиот и солунскиот аеродром во периодот од 15 до 21 јуни, бил регистриран 21 позитивен случај на Ковид-19, додека пак од граничниот премин со Бугарија имало пет лица заразени со коронавирусот, објави грчкиот весник „Елефтерос типос. За една седмица, на двата аеродроми кои од минатиот понеделник се […]