Најмногу активни случаи и натаму во Чаир – 402, следат Гази Баба, Бутел, Сарај, Аеродром, Центар и Карпош


Фото: Б. Грданоски

Од новите 118 дијагностицирани со коронавирус од тестирањата во изминатите 24 часа, најголем број 55 случаи се од Скопје. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во градот досега се дијагностицирани 2.588 случаи, а активни се 1.734 случаи.

Меѓу општините на Град Скопје и тие што гравитираат кон главниот град, најголем број активни случаи со вирусот Ковид-19 има во Чаир – 402, следат Гази Баба со 150 случаи, Бутел со 138 случаи, Сарај со 137 случаи, Аеродром со 136 случаи, Центар со 131 случај и Карпош со 116 случаи.

Активни случаи има и во Кисела Вода – 98, Студеничани – 86, Ѓорче Петров – 80, Шуто Оризари – 73,   Арачиново – 49, Илинден – 31, Петровец – 16, Чучер Сандево – 15, Сопиште – 12, Зелениково – 2, четворица странци и четворица нераспределени.