Кејт Мос го носи боемскиот гламур во новата кампања на „Џими Чу“


Англија– Супермоделот Кејт Мос е најновата муза на кралот на чевлите „Џими Чу“ за најновата кампања #INMYCHOOS на луксузниот британски бренд.

Кампањата, која служи како франшиза за раскажување приказни од Џими Чу, ги слави жените кои се издвојуваат во индустријата за мода и забава. Други заштитни лица  вклучени во кампањата се Сиена Милер и Рози Хантингтон-Вајтли.

Мос, која исто така основа своја агенција за модели во 2016 година, ги покажува предностите на луксузниот бренд, вклучувајќи чевли и чанти за сезоната пред есен ’20, достапни на Jimmychoo.com. Покрај фото-сесијата за кампањата, супермоделот учествуваше во ексклузивно интервју за брендот. Некои забележителни прашања од видеото #INMYCHOOS вклучуваат совети во кариерата, но и како супермоделот се чувствува во високите потпетици на омилениот бренд за чевли.

Мос со својата магија во позирање го носи бохемскиот гламур со рекламирање на елегантни чанти и чевли.

Покрај сандали со високи потпетици, други забележителни стилови во колекцијата за пред есен за сезоната 2020, вклучуваат луксузни патики и чизми, искомбинирани со едноставни, но елегантни кожени чанти.

„Џими Чу“ или „Маноло Бланик“ ? Кои луксузни чевли избираат холивудските ѕвезди или богаташките? Тоа е како да избираат меѓу своите деца, а тоа е невозможна модна мисија!

Моделот „Ромни“ на брендот „Џими Чу“ е меѓу најбараните од Њујорк, Лондон до Дубаи. Не избира професија. Го носат и принцези, и актерки и наследнички и први дами. Удобни се, класични, отмени, за секој гала настан, или појавување пред ТВ.

Војвотката од Кембриџ се колне во нив, како и експрвата дама на САД Мишел Обама, и ѕвездите Леди Гага, Кристен Бел, Кјара Најтли..