Курц сослушан од парламентарен истражен одбор за аферата „Ибица“


Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска одговораше на прашања од парламентарната комисија за истраги на корупцијата, таканарелениот комитет „Ибица“. Членовите на одборот побараа од Курц да им ги предаде својот календар и пораките од  мобилниот телефон, што ги разменувал со поранешниот лидер на Слободарската партија (ФПО) Хајнц-Кристијан Штрахе. Курц го одби барањето, кажувајќи дека сите релевантни […]

Охридски „Галеб“ повторно ги воспоставува меѓународните автобуски линии


Охридскиот автобуски превозник АД „Галеб“ повторно ги вопоставува редовните меѓународни врски со Белград и Нирнбег. Првиот автобус од Охрид за Германија тргнува в сабота на 27 јуни, додека враќањето од Нирнберг е на 1 јули. Понатаму линијата за Германија ќе оперира според стандардниот распоред, двапати седмично и тоа во среда и сабота од Охрид и […]

Црна Гора ќе го отвори последното поглавје во преговорите со ЕУ


ЕУ ќе даде зелено светло за Црна Гора за да го отвори последното поглавје, конкуренција, во преговорите за пристапување за влез во блокот, објави во вторникот (23 јуни) премиерот на земјата, Душко Марковиќ. „Ова е голем ден за Црна Гора, таа на тој начин ќе стане првата земја-кандидат што ќе ги отвори сите поглавја за […]

Сообраќајка во Кавадарци, тројца повредени


При судар на две  возила попладнево во Кавадарци, три лица се здобиле со повреди. Повредените се пренесени во кавадаречката Општа болница со проширена дејност, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Во тек е увид на лице место. Додевски рече дека засега не може да даде повеќе детали за сообраќајката.

Во Србија расте бројот на заразени, денеска 143


  Според последните податоци во Србија, за последните 24 часа, заразени се уште 143 лица, а нема починати. Тестирани се 7.748, или вкупно 359.069. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 13.235 заразени. Во моментот активни се 861 случај, а на респиратор се 21 пациент. Вкупно до сега починаа 163, а стапката на смртност е 1.99%.

Продавале бебиња преку Инстаграм


  Иранската полиција уапси три лица кои се обиделе да продадат бебиња преку Инстаграмм јави денеска новинската агенција Исна. „Уапсени се три лица кои сакале да продадат две бебиња“, изјави шефот на полицијата на техеран, Хосеин Рахими. Едното бебе имало 20 дена, другото два месеца. Полицијата ги уапсила осомничените кои рекламирале продажба на бибиња на […]

Филипче: Со отворање на границите и аеродромите нема да се зголеми бројот на дијагностицирани пациенти


Отворањето на границите не е некој значаен ризик за зголемување на бројот на ново дијагностицирани случаи затоа што локалната трансмисија е најголемиот ризик, изјави министерот за здравство Венко Филипче за време на попладневната посета на Клиничка болница-Битола. Според Филипче, отворањето на границите со воспоставената контрола на аеродромите и начинот на анкетирање на патници на влез […]

Касами: Нашата коалиција ќе победи и ќе освои најмалку 61 пратеник


Под слоганот „Можеме” денеска носителот на изборната единица број шест на коалицијата предводена од СДСМ, Билал Касами ја почна предизборната програма од регионот на Зајас. На средбата со жителите на Зајас, Касами рече дека симболично почнале од Зајас, бидејќи сакат да докажат дека се борат за еднаквост во државата. – Движењето Беса излезе на политичката […]

Трибуналот во Хаг поднесе обвинение против Хашим Тачи за воени злосторства три дена пред средбата во Белата куќа


Претседателот на Косово и девет други поранешни сепаратистички борци се обвинети за низа злосторства против човештвото и обвиненија за воени злосторства, вклучително и убиства, од страна на судот кој ги испитува злосторствата против етничките Срби за време и по војната за независност на Косово со 1998 година. Во изјавата на обвинителот на Косовската специјалистичка комора […]

Тачи: Во Вашингтон ќе побарам Прешевската долина да се припои кон Косово


Претседателот на Косово Хашим Тачи вели дека на средбата со српските државни лидери, што в сабота, на 27 јуни, треба да се одржи во Вашингтон, ќе побара припојување на Прешевската долина кон Косово,  јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за агенцијата КосоваПрес, Тачи изјави дека обединувањето на Прешевската долина со Косово е „принципиелно […]

Џонсон ги отфрли критиките поради спроведување локални мерки за корона вирусот


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги отфрли критиките поради плановите на Владата за спроведување локални рестриктивни мерки доколку се појават нови жаришта на корона вирусот и апликацијата за следење на ширењето на вирусот. Опозицискиот лидер, лабуристот Кеир Стармер изјави дека двата система сè уште не се подготвени и дека Англија треба да ги олесни мерките […]

За Стоилковски е срамна одлуката на ЈО да се прогласи ненадлежно за Дончев


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски ја оцени како срамна одлуката на  Обвинителството за организиран криминал и корупција споделена во медиумите, со која е прогласија за ненадлежни за постапување по видеото на кое што се гледа Ден Дончев, директорот на Фондот за здравство како , според него,  зема пари и ги става во чанта! -Ова е […]

„Хендикеп плус“: Изборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ е понижувачки за лицата со хендикеп


На првиот ден од кампањата се појавија реакции за некои од спотовите на партиите. Здружението „Хендикеп плус” реагира на предизборниот спот на ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Исправи се Македонијо“, посочувајќи дека дел од интерпретациите на содржината на спотот оставаат можност лицата со попреченост да бидат прикажани во понижувачки контекст, во деградирачка и навредлива позиција наспроти сите […]

Решенија за изолација за 886 лица, 152 потпишале изјави за самоизолација, регистрирани 544 прекршоци поради неносење маски


На 886 лица им се издадени решенија за изолација, а 152 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава. Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се пет лица кои не ја почитувале мерката за изолација и […]

Четири показатели кои укажуваат дека е можен втор бран на Ковид-19 во Франција


По излегувањето од строгиот карантин и дозволата за отворање на кафулињата и баровите, Французите подзаборавија на епидемијата, како што можеше да се види на масовните спонтани собири во Париз и за време на празникот на музиката. Епидемиолозите и виролозите предупредуваат на можен втор бран и нагласуваат дека се уште циркулира Ковид-19, јави дописникот на МИА. […]

Склучен најголемиот енергетски договор во 2020 г. вреден 20,7 милијарди долари


Конзорциум составен од шест глобални инвеститори и Националната нафтена компанија Абу Даби (АДНОЦ) потпишаа договор во висина од 20,7 милијарди американски долари. Договорот предвидува вложување во конзорциумот во износ од 10,1 милијарда долари за удел од 49 проценти во новоформираната филијала „АДНОЦ гасоводи“ и со право на закуп на 38 цевоводи. АДНОЦ ќе има мнозински […]

Повторно раст на цената на златото


САД – Цената на златото денеска се доближи до највисокото ниво во последните осум години. Порастот на цената на златото се должи на  новозаболените со Ковид-19 во светот и сомнежот дека набрзо ќе се обнови економијата. Цената на унца злато денеска се зголеми за 0,6 проценти и се тргуваше за 1.778,20 долари, што е највисока од […]

На 29 јуни во Мазеберг средба Макрон и Меркел


Франција– Претседателот нан Франција, Емануел Макрон на 29 јуни ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во градот Мазеберг, при што ќе разговараат за планот за обнова на европската економија, соопшти денеска Елисејска палата. Исто така предвидено е Макрон и Меркел да разговараат и за кризата што настана по избивањето на пандемијата со Ковид-19, […]

Блумберг: САД размислуваат за нови царини за европски производи од 3,1 милијарди долари


САД– Американските власти размислуваат да воведат нови царини, како и да ги зголемат постојните за увоз од Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија за вкупно 3,1 милијарди долари. Според агенцијата Блумберг, ова се наведува во изјавата на американскиот трговски претставник, Роберт Лајтхајзер. Агенцијата наведува дека американските власти се подготвуваат да воведат нови царини на производи како […]