Сообраќајка во Кавадарци, тројца повредени


При судар на две  возила попладнево во Кавадарци, три лица се здобиле со повреди. Повредените се пренесени во кавадаречката Општа болница со проширена дејност, потврди за МИА Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во тек е увид на лице место. Додевски рече дека засега не може да даде повеќе детали за сообраќајката.