Обвинителството предлага казна од 10 илјади евра за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести


Основното јавно обвинителство Скопје предлага поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, која е обвинета за кривично дело – Пренесување заразна болест, да биде казнета со парична казна во висина од 10 илјади евра во денарска противвредност. -По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до […]

Спасовски: Бројките за новоинфицираните аларм да се почитуваат сите мерки


Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи, но доколку продолжи оваа тенденција не се исклучува и повторно враќање на рестриктивни мерки, предупреди денеска премиерот Оливер Спасовски. Како што вели, приоритет на сите мерки, протоколи и препораки од надлежните институции се зачувување на здравјето и животот на граѓаните […]

Ѓоковиќ доби признание за промоција на интересите на Србија во светот


Србија – Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, одбележувајќи го Денот на дипломатијата, му врачи на тенисерот Новак Ѓоковиќ признание за исклучителен личен ангажман и придонес во унапредувањето на интересите на Србија и нејзините граѓани во светот, соопштија од српското МНР. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ му оддаде признание на […]

Основен кривичен суд Скопје од 1 јуни ќе постапува по сите предмети


Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи од 1 јуни годинава ќе продолжи со редовно постапување по сите предмети кои се водат пред овој суд. – Согласно Одлуката на ССРСМ од 28 мај 2020 година, за измена и дополнување на Одлуката бр.02-606/1 од 17 март 2020 и Одлуката бр.02-606/2 од 7-ми месецов, почнувајќи од 1 јуни годинава […]

Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица


По тринеделна стагнација на бројот на заболени од Ковид-19 на подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје од Кочани, денеска е регистиран нов позитивен случај на коронавирусот. Се работи за жител на селото Жиганци, општина Чешиново-Облешево, вработен во конфекцијата во Штип во која во изминатите два дена беа регистрирани новозаболени лица. -Во текот на […]

Македонија меѓу земјите за кои од 15 јуни е дозволен влез во Грција


Грција – Нашата земја е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Како што е веќе познато, за влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават […]

Викендов ќе продолжи периодот на нестабилно време со повремени врнежи


За време на викендот ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи ќе има во недела, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска е […]

Објавен повикот за технолошки развој за брзо прилагодување, достапни 200 милиони денари


Објавен е повикот за инструментот за технолошки развој за брзо прилагодување на последиците од КОВИД-19 со што и практично почнува реализацијата на третиот сет владини мерки за поддршка на економијата. Како што рече денеска директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, соопштувајќи детали за повикот, мерката се фокусира на развојна поддршка […]

Реал стана најскапиот клуб во Европа


Англија – Интернационалната ревизорската компанија „КПМГ“ состави список со најскапи фудбалски клубови во Европа во 2020 година. Првото место на рангирањето го зазеде Реал Мадрид, чија вредност е проценета на 3.478 милијарди евра. Манчестер јунајтед е втор, додека трета е Барселона. Топ 10 најскапи клубови во Европа според „КПМГ“: 1. Реал Мадрид – 3.488 милијарди евра […]

Корона кризата ќе однесе во сиромаштија 55 – 130 илјади луѓе во Македонија, предупредува Светска банка


Комбинираните ефекти на пониските приходи од работа и пониските дознаки како резултат на КОВИД-19 веројатно ќе ја зголемат сиромаштијата во Македонија на нивото од пред 2017 па дури и од пред 2015 година зависно од времетраењето на кризата, проценува Светска банка во дополнителните белешки на неодамна објавениот Редовен економски извештај за земјите од Западен Балкан. […]

Ештон Качер и Мила Кунис бараат 14 милиони долари за нивниот дом во Беверли Хилс


САД- Брачната актерска двојка Ештон Качер и Мила Кунис не успеваат во последниве шест години да го продадат домот во традиционален стил на Беверли Хилс. Цената што ја бараат е 13,995 милиони долари. Тоа е 3,78 милиони долари повеќе отколку што двојката плати за овој имот во 2014 година неколку месеци по свршувачката. Изграден пред […]

Брнз: Прелетот на авионите за добредојде во НАТО израз на нашата трајна поддршка (галерија)


Прелетот на американски воени авиони денеска над Скопје е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија како и гест преку кој што ви посакуваме добредојде како 30-та ченка на НАТО, изјави американската амбасадорка Кејт Мари Брнз. -Денешниот прелет е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија како и гест преку кој што ви […]

СЗПМ: Пензионерите да носат маски и да одржуваат физичка дистанца


 Сојузот на здруженија на пензиoнерите на Македонија (СЗПМ) ги поздравува мерките на Владата за слободно движење на сите граѓани, вклучувајќи го и бесплатниот автобуски превоз за корисниците на пензија. – Се апелира до пензионерите доследно да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување на социјална, односно физичка дистанца, а автобускиот превоз да го користат […]

Граѓаните на Штип кои користеле превоз до конфекцијата со заразени лица да бидат во самоизолација


Сите граѓани од Штип кои се превезувале со автобусите од и до текстилната конфекција во која се детектирани поголем број лица заболени од коронa вирус, како и граѓаните кои користат ваков тип превоз, задолжително да останат во самоизолација и да се јават кај својот матичен лекар при појава на првите симптоми на болеста – кашлица, […]

Нови 52 заразени со Ковид-19, четворица починати за едно деноноќие


Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на Клиниката за инфективни болести и две во ГОБ „8 Септември“. -Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти во: Скопје-16, Тетово-10, Велес-1, Охрид-2, Кратово-1. На […]

Вработена во австралиска Зоолошка градина нападната од два лава


Во Зоолошка градина во Австралија, два лава нападнале жена која го чистела затворениот простор, нанесувајчи и сериозни гребаници на главата и вратот. Вработената во зоолошката градина Шолхавен, во близина на Сиднеј, по нападот, веднаш била пренесена во болница. Лекарите соопштија дека жената првично била во критична состојба, но успеале да ја стабилизираат нејзината состојба. Од […]

Народна банка: Вкупниот број плаќања лани поголем за 11,7 отсто, најголем пораст кај платежните картички


Граѓаните и компаниите сè повеќе од плаќањата во земјата ги вршат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички, констатира денес Советот на Народната банка на редовната седница на која ја разгледа Годишната информација за плаќањата во 2019 година, соопшти НБМ. Вкупниот број плаќања извршени минатата година забележа годишен раст од […]

„Фолксваген“ вложува две милијарди евра во Кина за развој на возила на електричен погон


Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ најави дека ќе инвестира околу две милијарди евра за развој на возила на електричен погон во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот. – Во Кина се продаваат 40 отсто од возилата на „Фолксваген“ и е една од најголемите е-мобилности во светот, се наведува во соопштението на германскката компанија. Според „Фолксваген“ […]

Кои земји на ЕУ ги отвораат границите и кога?


Со олеснувањето на мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, земјите од ЕУ почнуваат да ги отвораат своите граници, па многумина се прашуваат каде ќе можат да одат на одмор, а само Грција и Бугарија најавија отворање на границите со Србија. Грчките граници ќе бидат отворени на 15 јуни, но само за граѓаните кои доаѓаат од […]

Патеката на астероидот што ги уништи диносаурусите предизвика „совршена бура“


Научниците кои го проучувале кратерот и правеле компјутерски симулации велат дека астероидот удрил во Земјата под агол од 60 степени, што го влошило влијанието врз климата. Станува се појасно зошто астероидот што ја погоди Земјата пред 66 милиони години беше толку катастрофален. Вселенското тело, кое уништи 75 отсто од сите дотогаш познати видови, вклучително и […]