Ештон Качер и Мила Кунис бараат 14 милиони долари за нивниот дом во Беверли Хилс

САД- Брачната актерска двојка Ештон Качер и Мила Кунис не успеваат во последниве шест години да го продадат домот во традиционален стил на Беверли Хилс. Цената што ја бараат е 13,995 милиони долари.

Тоа е 3,78 милиони долари повеќе отколку што двојката плати за овој имот во 2014 година неколку месеци по свршувачката.

Изграден пред околу две децении, имотот е малку помирен од домовите што ги поседувале секој пред нивната свршувачка. Качер ја продаде енергетска куќа од стакло во Холивуд Хилс за 9,925 милиони американски долари во 2014 година, а Кунис својот дом во медитерански стил во истата област неколку месеци подоцна за 3,825 милиони долари.

Домот се протега на половина хектар со загарантирана приватност во скриена долина веднаш до паркот Кањон Френклин, на три спрата, со пет спални соби и 5,5 бањи на 7.351 квадратни метри.

Француските врати и подови од даб ги дополнуваат заедничките простори. Официјалната дневна соба се проширува во канцеларија со махагони, а кујната води кон трпезарија и семејна соба со камин. Куќата вклучува сала за вежбање, сауна, спа и винарска визба. Големиот двор во задниот дел на домот, е надополнет со базен, спа и скара.

Качер глумеше во ситкомот „ That ’70s Show “, пред да се појави во филмовите „My Boss’s Daughter“ , “The Butterfly Effect “ и „Guess Who”. Неодамна, 42-годишната ѕвезда го глумеше Стив Џобс во „“Jobs”.

Родена во Украина, Кунис глумеше во познати филмови, а за улогата во „“Black Swan,”  освои Златен глобус.

Двојката се венча во 2015 година и имаат син Димитри (3).