Реал стана најскапиот клуб во Европа


Англија – Интернационалната ревизорската компанија „КПМГ“ состави список со најскапи фудбалски клубови во Европа во 2020 година.

Првото место на рангирањето го зазеде Реал Мадрид, чија вредност е проценета на 3.478 милијарди евра. Манчестер јунајтед е втор, додека трета е Барселона.

Топ 10 најскапи клубови во Европа според „КПМГ“:

1. Реал Мадрид – 3.488 милијарди евра
2. Манчестер јунајтед – 3.342
3. Барселона – 3.193
4. Баерн – 2.878
5. Ливерпул – 2.658
6. Манчестер сити – 2.606
7. Челзи – 2.218
8. Тотенхем – 2.067
9. ПСЖ – 1.911
10. Арсенал – 1.852.