Основен кривичен суд Скопје од 1 јуни ќе постапува по сите предмети


Фото: Б. Грданоски

Основниот кривичен суд Скопје почнувајќи од 1 јуни годинава ќе продолжи со редовно постапување по сите предмети кои се водат пред овој суд.

– Согласно Одлуката на ССРСМ од 28 мај 2020 година, за измена и дополнување на Одлуката бр.02-606/1 од 17 март 2020 и Одлуката бр.02-606/2 од 7-ми месецов, почнувајќи од 1 јуни годинава Основниот кривичен суд ќе продолжи со редовно постапување по сите предмети кои се водат пред овој суд, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

При постапувањето по предметите, велат оттаму, ќе бидат запазени сите мерки за заштита и превенција од Ковид-19 вирусот, согласно препораките на Министерство за здравство и Светската здравствена организација.