Мурињо може да го предводи Баерн


Португалскиот фудбалски тренер Жозе Мурињо, може следната сезона да го предводи Баерн Минхен. Мурињо, кој е поранешен тренер на Интер, Реал, Челзи и Манчестер јунајтед, е можен наследник на Нико Ковач на кого иднината на клупата на „Баварците“ му е загрозена, објави „Footmercato“. Претходно беше објавено дека Мурињо може да се врати во Реал, но …

Мурињо може да го предводи Баерн Read More »

МЗШВ: Воведена забрана за движење во шума и шумско земјиште


Поради раширените шумски пожари, согласно со Законот за шумите  од денеска  се воведува забрана за движење во шума и шумско земјиште од 00 до 24 часот. Забраната ќе трае сê до нејзино отповикување, соопшти вечерва Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Физички лица кои нема да ја почитуваат забраната и ќе бидат затекнати како се …

МЗШВ: Воведена забрана за движење во шума и шумско земјиште Read More »

Реал е подготвен да понуди 125 милиони фунти за Погба


Реал Мадрид е заинтересиран за купувањето на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба. Според „The Sun“ 26-годишниот Французин е главната трансфер цел на „кралскиот клуб“. Реал Мадрид е подготвен да понуди 125 милиони фунти за Погба. Претходно беше објавено дека Французинот сака да игра под раководство на Зинедин Зидан. Неговиот договор со …

Реал е подготвен да понуди 125 милиони фунти за Погба Read More »

Макрон: Франција е „најподготвена земја” во случај да нема договор за Брегзит


Франција е „најподготвената земја”, меѓу оние кои се директно засегнати и кои ќе мораат да се справат со последиците од Брегзит без договор, дури и ако е потребно да се „забрзаат” подготовките и да се преговара со Лондон за риболовот, изјави францускиот претседател Емануел Макрон пред избраните претставници на регионот Горна Франција. – Ако на …

Макрон: Франција е „најподготвена земја” во случај да нема договор за Брегзит Read More »

Италијанците смеат да пукаат во крадци на својот имот, предвидува нов закон


Самоодбраната од крадец во домот или продавницата е „секогаш легална”.  Сопственикот може да го убие крадецот доколку е физички загрозен од него. Ова се предвидува со новиот закон за правото на самозаштита на жртвите од кражба, усвоен со големо мнозинство во италијанскиот парламент. Со новиот закон се зголемуваат казните за упад на туѓ имот, за …

Италијанците смеат да пукаат во крадци на својот имот, предвидува нов закон Read More »

ЈП „Македонски шуми“: Да ги зачуваме шумите од пожари


Поради зачестената појава на шумски пожари во последниов период на територијата на целата држава, со што е сериозно загрозен шумскиот фонд,ЈП „Македонски шуми“ апелира шумите да се зачуваат од пожари. Директорот на претпријатието Зоран Ѓорѓиев изјави дека пожарите продолжуваат и добиваат загрижувачки замав, и покрај сите апели и предупредувања и учеството на голем број вработени од …

ЈП „Македонски шуми“: Да ги зачуваме шумите од пожари Read More »

Ципрас: Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија


Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија, порача грчкиот премиер Алексис Ципрас од Букурешт, по средбата со премиерката на Романија, Вјорица Данчила. -Договорот од Преспа дава особена динамика на Балканот и е модел на соработка. Покажува дека преку решавање на разликите, преку економката соработка, културната, можеме да дадеме перспектива на мир, стабилност …

Ципрас: Грција и Романија ја поддржуваат европската перспектива на Северна Македонија Read More »

Меси: Сакав да играм против Роналдо, ќе беше убаво да останеше во Реал


Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, призна дека се чувствувал убаво кога играше против Кристијано Роналдо додека тој беше дел од Реал Мадрид. Триесет и четиригодишниот Португалец се пресели во Јувентус летото 2018 година. – Бев задоволен што играв против Роналдо, иако беше тешко. Сакав да освојувам трофеи кога тој беше во Реал. Би било добро …

Меси: Сакав да играм против Роналдо, ќе беше убаво да останеше во Реал Read More »

Кумановка измамена од братучед


Кумановка пријавила во полиција дека била измамена од братучед кој ѝ ветувал вработување во државна институција, соопшти денеска СВР Куманово. Четириесет и тригодишната У. С. вчера пријавила во полицијата дека нејзиниот братучед М. Г.  ѝ понудил да ја вработи во државна институција и побарал да му даде 5.500 евра. Таа се согласила, зела пари на заем …

Кумановка измамена од братучед Read More »

Велика Британија најверојатно ќе истапи од ЕУ на 12 април без договор


Велика Британија најверојатно ќе излезе од Европската унија за две недели без договор откако премиерката Тереза Меј не успеа да добие поддршка од пратениците за нејзиниот договор за повлекување, објави Европската комисија. На Меј и недостигаа 58 гласа за усвојување на Договорот за напуштање на Унијата на гласањето во британскиот Парламент, кое се одвиваше истовремено …

Велика Британија најверојатно ќе истапи од ЕУ на 12 април без договор Read More »

Медведев: САД никогаш нема да ги укинат санкциите за Русија, таква им е политиката


Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека Вашингтон никогаш нема да ги укине економските санкции против Москва. Тој објаснува дека тоа е политика, која тие ја заговараат многу години наназад. -Можам искрено да ви кажам, тие никогаш нема да ги укинат санкциите кон Русија, затоа што нивната политика е таква – барем 100 години наназад …

Медведев: САД никогаш нема да ги укинат санкциите за Русија, таква им е политиката Read More »

Право на глас на претседателските избори имаат 1.808.131 граѓанин


Државната изборна комисија-ДИК денеска на седница го заклучи Избирачкиот список. Право да гласаат на шестите претседателски избори имаат 1.808.131 избирачи. Заклучениот Избирачки список, односно изводите од списокот на кој се гласа, ДИК треба да ги потпише 15 дена пред денот на изборите, односно најдоцна до 5 април. В недела напладне во просториите на ДИК тројцата …

Право на глас на претседателските избори имаат 1.808.131 граѓанин Read More »

Вонреден Самит на ЕУ за Брегзит


Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, свика на 10 април вонреден состанок на шефовите на држави и влади на ЕУ откако британскиот Парламент по третпат го отфрли договорот за Брегзит. Со отфрлањето на договорот за излез, Обединетото Кралство треба да ја напушти ЕУ на 12 април и изгледите за Брегзит за договор се поголеми од …

Вонреден Самит на ЕУ за Брегзит Read More »

Апанажа од Северна Македонија го чека Иванов


Десетина закони, кои во средата ги донесе парламентот, се испратени на потпис кај претседателот Ѓорге Иванов, кој во рок од седум дена треба да одлучи дали ќе ги потпише или ќе стави вето. Во претседателскиот кабинет се враќаат и дваесетина закони на кои Иванов одби да стави потпис, а парламентот ги усвои повторно. Во овој …

Апанажа од Северна Македонија го чека Иванов Read More »

Епидемија на мали сипаници во Кичево и во Струга


Епидемијата на мали сипаници во државава продолжува со ист интензитет. Во текот на изминатата недела епидемија пријавија подрачната единица Кичево на Центарот за јавно здравје – Битола со 24 заболени лица и подрачната единица Струга на Центарот за јавно здравје – Охрид со 16 заболени лица. Бројот на новозаболени во текот на последната недела изнесува …

Епидемија на мали сипаници во Кичево и во Струга Read More »

Филипче: Со јавно-приватно партнерство до поефикасен здравствен систем


Има државни болници што не се целосно искористени, работат со мал капацитет, како што се оние во Кочани и во Кавадарци, каде нема пациенти, персонал, експертиза. За таа цел после изборите ќе почне широка физибилити студија за јавно-приватни партнерства во здравствениот систем пред се на болничко ниво, што ќе ги опфаќа сите дејности што сега се …

Филипче: Со јавно-приватно партнерство до поефикасен здравствен систем Read More »

Британскиот Парламент повторно го отфрли договорот за Брегзит


Британскиот Парламент денеска по третпат го отфрли договорот за Брегзит, кој со Европската унија го договори премиерката Тереза Меј. Со 344 гласа против и 286 „за“ договорот не е усвоен во британскиот Парламент. Тереза Мај вели дека импликациите од неизгласувањето се „сериозни”. Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ денеска, но доби пролонгирање до 12 …

Британскиот Парламент повторно го отфрли договорот за Брегзит Read More »

Барние: Одобрување на договорот за Брегзит од Парламентот гарантира напуштање на ЕУ на 22 мај


Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние изјави дека блокирање на договорот за напуштање е „најдобар компромис” за двете страни и оти е од клучно значење за Лондон да се фокусира на договарање на нови односи со Унијата. -Денеска, повеќе од кога било, членовите на британскиот Парламент носат одговорност да ни кажат какви идни …

Барние: Одобрување на договорот за Брегзит од Парламентот гарантира напуштање на ЕУ на 22 мај Read More »

Папата Франциско донесе нов закон за сексуално злоставување


Папата Франциско денеска донесе нов закон за сексуално злоставување, со кој персоналот на Ватикан и дипломатите на Светата столица мораат итно да ги пријават таквите обвинувања до ватиканските обвинители. Тоа претставува пресврт во политиката на Ватикан, со цел да биде модел за католичката црква ширум светот. Одредбата на законот за задолжително пријавување на сексуално злоставување …

Папата Франциско донесе нов закон за сексуално злоставување Read More »

Заев очекува Вашингтон најдоцна до октомври да го ратификува Протоколот за НАТО


Премиерот Зоран Заев очекува ратификувањето на Протоколот за пристапување на земјава во НАТО во американскиот Сенат да заврши до крајот на летото, а најдоцна до октомври. Тој денеска во Охрид истакна дека процедурите за Протоколот мошне брзо завршиле во Стејт департментот и документот веќе е доставен до Сенатот. -Тоа е постапка која трае, поприлично е …

Заев очекува Вашингтон најдоцна до октомври да го ратификува Протоколот за НАТО Read More »