Реал е подготвен да понуди 125 милиони фунти за Погба


Реал Мадрид е заинтересиран за купувањето на играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба. Според „The Sun“ 26-годишниот Французин е главната трансфер цел на „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид е подготвен да понуди 125 милиони фунти за Погба. Претходно беше објавено дека Французинот сака да игра под раководство на Зинедин Зидан. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ истекува на 30 јуни 2021 година.

Погба настапува за МЈ од 2016 година.

Оваа сезона, Погба настапи на 37 натпревари за клубот од „Олд Трафорд“, постигна 14 гола и оствари 10 асистенции.