Почнува зимското сметање на времето


Во три часот по полноќ ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето, односно стрелките на часовникот се враќаат еден час наназад. Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година, кога треба да почне летното сметање на времето. Од 2021 година ќе стапи во сила предлогот за укинување …

Почнува зимското сметање на времето Read More »

Заев за „Политика“: Сонот за членство во ЕУ не е срушен


Сонот за членство во ЕУ не е срушен. Другата опција се национализмот, радикализмот, неизвесноста и враќање назад во проблематичното и мрачно време во кое никој не сака да се врати, истакнува премиерот Зоран Заев  во интервју за саботното издание на белградскиот дневен весник „Политика“. – Северна Македонија е на добар пат да стане 30-та полноправна …

Заев за „Политика“: Сонот за членство во ЕУ не е срушен Read More »

Воздухот во Куманово синоќа екстремно загаден


Воздухот во Куманово синоќа беше екстремно загаден. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот. Загадувањето почна по 18 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички. Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа …

Воздухот во Куманово синоќа екстремно загаден Read More »

Гутереш: Време е за сериозен разговор за завршување на осумгодишната војна во Сирија


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска оцени дека турската офанзива и моменталното примирје во североисточна Сирија покажуваат дека е дојдено време за сериозни разговори за завршување на осумгодишната војна во оваа земја. Пред новинарите во Њујорк тој изјави дека политичкиот процес „сега е позначаен од било кога претходно“. Гутереш додаде дека ОН „сега …

Гутереш: Време е за сериозен разговор за завршување на осумгодишната војна во Сирија Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Како никогаш досега ви е потребен баланс, а најмногу во интимните партнерства: останете спонтани, слободни и храбри и имајте слух за туѓите потреби. Ова е период кога ќе се заколнувате на вечна љубов и лојалност и истата ќе ја добиете завозврат. Можна е промоција или нов договор на работен план. БИК: Убав развој во …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов Read More »

Бр. 542


Александра М. Митевска – Лекција од СОНК – најдобро се лови во матно Влатко Андоновски селектор на женската репрезентација на САД Со изборите дојдоа и штрајковите Заев се огради од Зекири за неговите критики кон Тимоние Одложувањето на пописот нема да влијае на Избирачкиот список Српски одговор на ЕУ – договор со Русија

Србија во Москва потпиша договор за слободна трговија со Евроазијската економска унија


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Москва потпиша Договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската унија (ЕАЕУ) со кој се проширува списокот на српски производи што можат да се извезуваат на територијата на ЕАЕУ без царина и со зголемување на квотите за извоз на стоки за кои важеа ограничувања. Договорот ќе ги замени постојните …

Србија во Москва потпиша договор за слободна трговија со Евроазијската економска унија Read More »

Н. Прв „ShortBus Design shop” во Скопје


На првиот организиран настан „ShortBus Design shop” кој го организира супкултурниот центар „ShortBus” учествуваат 11 дизајнери од различни сфери. Настанот е покриен со различни дизајни односно: моден дизајн, дизајн на маици, накит, перници, чаши, торби, графики, колажи. Идејата на настанот е да се соберат различни дизајнери како и различна публика. Супкултурниот центар „ShortBus” отвора место …

Н. Прв „ShortBus Design shop” во Скопје Read More »

Во Прилеп промовирана книгата „Маалски прикаски“ на Синиша Станковиќ


Во прилепската градска библиотека „Борка Талески“ денеска е промовирана книгата „Маалски прикаски“(1+2) од новинарот и писател Синиша Станковиќ. Книгата која првата промоција ја имаше во јуни во МКЦ во Скопје е издание на издавачката куќа „Или-Или“, содржи 65 приказни за луѓето, настаниете, состојбите во едно скоопско маало, толку слично со маалата во другите градови. Според …

Во Прилеп промовирана книгата „Маалски прикаски“ на Синиша Станковиќ Read More »

Орбан: Турската операција во Сирија е во интерес на Унгарија


Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека воената интервенција на Турција во Сирија е во интерес на неговата земја. Турција почна воена офанзива на 9 октомври за да ги натера сириските курдски сили да се повлечат од нивната граница и таму да формираат „зона на безбедност“, во која Анкара планира да врати дел од 3,6 …

Орбан: Турската операција во Сирија е во интерес на Унгарија Read More »

„Снајди се со стручно“ – кампања за популаризација на средното стручно образование и занимања


  Подобрување на имиџот и репутацијата на средното стручно образование и занимања и мотивација на младите да градат кариера во овој сегмент, е целта на кампањата „Снајди се со стручно“, промовирана денеска во Средното градежно и гимназиско училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје. Кампањата ќе се одвива до мај следната година и опфаќа видеа кои ќе …

„Снајди се со стручно“ – кампања за популаризација на средното стручно образование и занимања Read More »

Амнестија за 20.000 лица во Таџикистан


Парламентот на Таџикистан изгласа амнестија за повеќе од 20.000 лица осомничени, обвинети или осудени за кривични дела, а по повод одбележување на уставниот празник. Амнестијата, иницијатива на долгогодишниот претседател Емомали Рахмон, е најголема во постсоветската историја и со неа се одбележува 25-годишнината од Уставот на земјата, донесен во 1994 година. Денот на Уставот се празнува …

Амнестија за 20.000 лица во Таџикистан Read More »

Студентите на Филолошкиот факултет од Штип ќе имаат можност за платена пракса


Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и Германскиот деск „Проспертoп“ денеска потпишаа Меморандум за соработка кој на студентите ќе им овозможи платена пракса, а најдобрите ќе можат да добијат и вработување. – Овој потпишан Меморандум ќе значи отскочна штица за студентите на овој факултет со тоа што ќе имаат платен тренинг, односно пракса и …

Студентите на Филолошкиот факултет од Штип ќе имаат можност за платена пракса Read More »

Заев: Да продолжат преговорите на МОН и СОНК и да се најде решение прифатливо за две страни


Премиерот Зоран Заев апелираше преговорите на СОНК и Министерството за образование за зголемување на платите во образованието да продолжат и да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Синдикатите, рече Заев, треба да се свесни дека државата може да понуди само тоа што навистина може да го даде. – Јас ги почитувам …

Заев: Да продолжат преговорите на МОН и СОНК и да се најде решение прифатливо за две страни Read More »

Бугарската јавност поделена по изборот на главен обвинител


Врховниот судски совет на Бугарија го избра Иван Гешев за главен обвинител на земјата, и покрај критиките во јавноста. Врховниот судски совет вчера со 20 гласа „за“ и четири „против“ го избра Гешев за седумгодишен мандат, кој во моментов е заменик главен обвинител. Гешев (49) беше единствениот кандидат, што предизвика негодување кај дел од јавноста …

Бугарската јавност поделена по изборот на главен обвинител Read More »

Заев: Пописот најдоцна во 2020-та или 2021 година


Се губи шансата за попис напролет поради предвремените парламентарни избори, но најдоцна во 2020 или 2021 година тој ќе биде спроведен, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања во СГГУ „Здравко Цветковски“. Заев најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат …

Заев: Пописот најдоцна во 2020-та или 2021 година Read More »

Заев: Рано е за предизборно коалицирање, дебатата по ноември


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека дебатата за предизборно коалицирање на предвремените парламентарни избори најавени за 12 април следната година нема да ја почнат пред крајот на следниот месец. Одговарајќи на новинарско прашање дали досега веќе разговарал со сегашните коалициски партнери и им предложил предизборна коалиција, Заев истакна дека се уште …

Заев: Рано е за предизборно коалицирање, дебатата по ноември Read More »

Во Катастарот впишани 76 проценти од 156 илјади хектари државно земјиште без имотен лист


Агенцијата за катастар на недвижности најави дека до крај на годината ќе го впише целосно државниот имот за кој е утврдено дека нема имотен лист, а кој на крајот на минатата година изнесувал 156.000 хектари. Откако било утврдено дека државата нема имотен лист за 156.000 хектари во нејзина сопственост, што, според директорот на Катастарот Борис …

Во Катастарот впишани 76 проценти од 156 илјади хектари државно земјиште без имотен лист Read More »

Заев: Илија Димовски 2,5 години го кочи изборот на главен државен ревизор


Премиерот Зоран Заев вели дека парламентот е задолжен за избор на главен државен ревизор, а тоа се прави во собраниската комисија за избори и именување со која претседава Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. – Ако мислат со тоа што на таа комисија добија раководство и со тоа ќе ги кочат процесите или нема да бираат одговорни …

Заев: Илија Димовски 2,5 години го кочи изборот на главен државен ревизор Read More »

Мицкоски: Разговараме со сите политички партии, отворени опции и за пред и за постизборни коалиции


ВМРО-ДПМНЕ разговара со сите политички партии и доколку има сврзна точка и најде заеднички интерес кој ќе конвенира со интересот на граѓаните не постои пречка да потпише договор за предизборна коалиција, изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека комуницираат со сите партии, прашан дали имаат контакти со ДУИ и дали има некакви …

Мицкоски: Разговараме со сите политички партии, отворени опции и за пред и за постизборни коалиции Read More »