Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Како никогаш досега ви е потребен баланс, а најмногу во интимните партнерства: останете спонтани, слободни и храбри и имајте слух за туѓите потреби. Ова е период кога ќе се заколнувате на вечна љубов и лојалност и истата ќе ја добиете завозврат. Можна е промоција или нов договор на работен план.

БИК: Убав развој во пријателските и интимните врски: животот е обоен со ново светло, а ова е период за одлуки. Промени во дневната рутина и во животниот стил: можеби ќе патувате или ќе се договарате како да постигнете поголема хармонија со саканите. Бидете прагматични и работете со здружени сили. Успех.

БЛИЗНАЦИ: Повикани сте да ги покажете голите факти околу некое прашање: не плашете се да делувате директно и појдете храбро кон она што го сакате. Истото ве сака и вас, а што им е видливо на сите наоколу. Сето ова е поддржано од убави планетарни влијанија и ве очекува добра среќа и богатство. Правна победа.

РАК: Ако работите нагло застанат и ништо не се случува, не мислете си дека сте жртва на неповолните околности, туку скротете ја својата енергија и склоност да негодувате. Фокусирајте се во областа на домот и направете ги последните подготовки со кои што ќе ја дочекате зимата посигурно. Верувајте во себе и истрајте.

ЛАВ: Работите се одвиваат по некоја сопствена динамика и можеби ќе треба да почекате пред да го постигнете саканото: кариеристите немаат пријатели, туку имаат свои луѓе. Штом ги активирате врските со пријателите, ќе направите чисти и корисни инвестиции. Во однос на здравјето, погрижете се за циркулацијата.

ДЕВИЦА: Одамна не сте погледнале кон небото: завртете го својот поглед нагоре и откријте ја неговата длабочина. Завртете му грб на минатото, бидејќи тоа е затворена книга која што нема што да понуди. Бидете трпеливи и верувајте дека ве очекуваат нови триумфи: наскоро ќе започнете нова животна приказна.

ВАГА: Познати по својата изразена неодлучност, ќе треба да соберете храброст и да ги покажете своите емоции: разговарате за две опции или два предлога, со кои што очекувате да ја покажете својата компетентност. Сега е време самите себе да се исцелите, со тоа што нема да си дозволите да се грижите премногу. Среќа.

СКОРПИЈА: Средба со некоја личност која што сосема неочекувано ќе се појави во вашиот живот: воодушевени и радосни ѝ верувате на интуицијата кога ви говори дека ќе се случи нешто убаво. Развивајте ги своите таленти секојдневно и обрнете внимание на секој ситен детал. Светот околу вас е полн со симболични пораки.

СТРЕЛЕЦ: Ако сакате да ја надминете здодевноста, појдете некаде на пат и стекнете се со нова мудрост: работата оставете ја за работните денови, а викендот минете го во одмор и релаксација. Можеби сте опкружени со завидливи луѓе, но знаејќи го ова ќе успеете да се заштитите навреме. Имате талент да бидете среќни.

ЈАРЕЦ: Ова е многу важен период, кога не треба да дозволите да ве совлада тагата: можеби не ви е лесно, но крајно време е да се збогувате со нездравите врски или партнерства. Имајте во предвид дека и ова набрзо ќе мине и не губете храброст: не лутете се и не страдајте. Вашата совест е чиста, а тоа е голема победа.

ВОДОЛИЈА: Времето за исповед е тука: тргнете ги завесите и покажете ги непознатите предели. Потребна ви е храброст за да се покажете во јавноста: интелекутално супериорни, се познавате со многу славни личности и се поврзувате на глобален план. Тајна е како успевате да бидете заведени, а можеби и повеќе не е.

РИБИ: Минувате низ чудни, но трајни промени и ова е период кога ќе го објавите тоа јавно: вашите блиски се стаписани, а најмногу луѓето со кои што соработувате. Сепак ќе успеете да постигнете долгорочно договори, кои со текот на времето ќе се покажат како успешни. Вашата љубов се продлабочува: страсни ноќи и утра.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]