ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи одземање на мандатот на Груевски


Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги охрабри пратениците од оваа партија да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер и долгогодишен лидер на партијата Никола Груевски, доколку оценат дека се исполнети законските услови за тоа. Со оглед на тоа што за одземање мандат на пратеник е потребно двотретинско мнозинство, сега се реални шансите …

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи одземање на мандатот на Груевски Read More »

Претрес во канцелариите на „Порше“ поради сомневање за корупција


Канцеларијата на јавниот обвинител во Штутгарт соопшти дека се претресени канцелариите на производителот на спортски автомобили „Порше“, поради сомневање за подмитување ревизори заради добивање даночни информации. Обвинителите се сомневаат дека „службеник од Канцеларијата за ревизија на деловни објекти во Штутгарт му откривал доверливи информации на даночниот советник на компанијата „Порше“ и прифатил надомест во замена, …

Претрес во канцелариите на „Порше“ поради сомневање за корупција Read More »

ДЗС: Од 1 до 10 јуни се очекуваат поројни дождови, надлежните да се подготват


Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk. Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. …

ДЗС: Од 1 до 10 јуни се очекуваат поројни дождови, надлежните да се подготват Read More »

Српскиот Парламент го усвои извештајот на Вучиќ за Косово


Српските пратеници денеска го усвоија извештајот за Косово, поднесен од претседателот на Србија Александар Вучиќ. За предлогот гласаа 145 пратеници, четворица беа против, а 13 не гласаа. Дел од опозициските пратеници го бојкотираа извештајот на Вучиќ. Српскиот претседател, вчера, при поднесувањето на извештајот во Собранието, посочи дека доколку не се постигне компромисно решение „ќе има …

Српскиот Парламент го усвои извештајот на Вучиќ за Косово Read More »

Ѕанакопулос: Актуелната влада ќе ја одведе земјата на парламентарни избори на 7 јули


Одлуката на Премиерот е парламентарните избори да се одржат на 7 јули поради испитите од државната матура кои завршуваат на 2 јули, рече министерот без ресор на Грција и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Алфа“, потврдувајќи ги информациите од утрово за кои веќе објави МИА. – Навистина, одлуката на Премиерот е …

Ѕанакопулос: Актуелната влада ќе ја одведе земјата на парламентарни избори на 7 јули Read More »

Макрон: Еколошката криза e многу силна порака од европските избори


Барањето за решавање „вонредни климатски ситуации“ претставува „многу силна порака во Франција и низ цела Европа“ упатена од изборите во Европскиот парламент, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон по пристигнувањето во Брисел на вонредниот и неформален самит на лидерите на Европската унија. – Многумина сметаат дека Европа е уморна, помалку демократска, но нашите народи едноставно …

Макрон: Еколошката криза e многу силна порака од европските избори Read More »

Марковиќ: Црна Гора нема да ги прекине дипломатските односи со Русија


Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека неодамнешната пресуда за обид за тероризам на денот на парламентарните избори во 2016 година, нема да ги загрози мирот и стабилноста во Црна Гора. Тој, исто така, потенцираше, дека официјална Подгорица поради тој случај нема да ги прекине дипломатските односи со Русија. Изјавата на Марковиќ е одговор на пратеничко …

Марковиќ: Црна Гора нема да ги прекине дипломатските односи со Русија Read More »

Меј: Најдобра опција за Велика Британија е договор со ЕУ


Премиерката на Велика Британија Тереза Меј и натаму смета дека најдобра опција за Британија е да ја напушти Европската унија со договор. – Работев напорно, преговарајќи за најдобар можен договор за повлекување на Велика Британија од ЕУ. Сега моите наследници треба да најдат решение и да дојдат до компромис, рече Мај, откако пристигна на состанокот …

Меј: Најдобра опција за Велика Британија е договор со ЕУ Read More »

Шпанскиот премиер го поддржува Тимерманс за шеф на Еврокомисијата


Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави денеска во Брисел дека го поддржува изборот на социјалистот Франс Тимерманс за претседател на Европската комисија. – Социјалдемократското семејство е втора по големина сила, со најдобриот кандидат Франс Тимерманс, изјави Санчез пред новинарите при доаѓањето на преговорите со лидерите од ЕУ за изборот на раководните луѓе на клучните позиции на …

Шпанскиот премиер го поддржува Тимерманс за шеф на Еврокомисијата Read More »

Карловиќ го изрешета Лопез со 35 аса и славеше победа во лудиот натпревар


Хрватскиот тенисер Иво Карловиќ го победи Фелицијано Лопез (Шпанија) во историски натпревар од првиот круг на „Ролан Гарос“. 211-сантиметри високиот Карловиќ победи со 7:6 (4), 7:5, 6:7 (7), 7:5, а натпреварот е посебен бидејќи комбинираната возраст на двајцата играчи (77) е рекорд за Гренд-слем турнир во отворената ера. Карловиќ има 40, а Лопез – 37. …

Карловиќ го изрешета Лопез со 35 аса и славеше победа во лудиот натпревар Read More »

Чудесен пресврт на Осака на „Ролан Гарос“: Од 6:0 во првиот сет до победа од 2:1


Светската тенисерка број 1 и шампионка од „Ју Ес Опен“ и „Австралија Опен“, Наоми Осака направи чуден пресврт во првиот круг на „Ролан Гарос“, откако го загуби првиот сет против Ана Каролина Шмиедлова со 0:6, но потоа победи со 7:6 (4), 6:1 и се пласираше во вториот круг по 120 минути игра на централниот терен …

Чудесен пресврт на Осака на „Ролан Гарос“: Од 6:0 во првиот сет до победа од 2:1 Read More »

Димитров очекува позитивен извештај и одлука за преговори до крајот на годинава


Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан во Братислава истакнал дека утре очекуваме позитивен извештај од Европската комисија и политичка одлука за отворање на преговорите до крајот на годинава. – Утре очекуваме позитивен извештај од Европската Комисија што реално ќе го отслика …

Димитров очекува позитивен извештај и одлука за преговори до крајот на годинава Read More »

Италија го избра првиот трансроден градоначалник


Бирачите во италијанското гратче Тромело за свој градоначалник го избраа трансродниот адвокат Џанмарко Негри, кој беше главен противкандидат на претставникот на десничарската „Лига“ на Матео Салвини. Негри, 40-годишен адвокат, кој е и активист за трансродиви права, е избран со 37,5 отсто од гласовите дадени за неговата левичарска граѓанска листа. Кандидатот на Лига заврши на второ …

Италија го избра првиот трансроден градоначалник Read More »

Во Охридскиот регион времена забрана за градење, легализација и носење планови


Во Охридскиот регион времено се прекинуваат постапките за издавање одобрение за градење, за вклопување на бесправно изградени објекти,  за изработка и донесување на урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации,  како и постапувањето по донесените урбанистички планови, урбанистичко – плански и урбанистичко – проектни документации. Владата денеска на седница утврди Предлог-закон за …

Во Охридскиот регион времена забрана за градење, легализација и носење планови Read More »

Макрон: Новиот претседател на Еврокомисијата треба да има искуство и кредибилитет


Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека европската комесарка за конкуренција, Данката Маргарет Вестагер, главниот преговарач за Брегзит, Французинот Мишел Барние и актуелниот потпретседател на Европската комисија, Холанѓанецот Франс Тимерманс се личностите со искуство и кредибилитет, меѓу кои би требало да се избере идниот претседател на Еврокомисијата, јави дописникот на МИА од Стразбур. – Мислам дека …

Макрон: Новиот претседател на Еврокомисијата треба да има искуство и кредибилитет Read More »

Меркел: Поддршка за Вебер за претседател на Европската комисија


Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека големата германска коалиција го поддржува изборот на „водечки кандидат“ на неодамна завршените европски избори на местото претседател на Европската комисија. Меркел, пред состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, ја потврди својата поддршка за Манфред Вебер, лидерот на Европската народна партија (ЕПП), за прв човек на Комисијата. Германската канцеларка …

Меркел: Поддршка за Вебер за претседател на Европската комисија Read More »

Два пожара во Прилеп, повредено едно лице


Во Прилеп и во селото Дебреште, Долненско денеска избувнаа пожари, а во еден од нив едно лице е повредено. Пожарите се локализирани, велат од прилепската поротивпожарна единица. Во Прилеп изгоре покривната конструкција на куќа, а во селото Дебреште пожарот бил во кујна на угостителски објект каде според првичните информации бил повреден готвачот кој бил сам …

Два пожара во Прилеп, повредено едно лице Read More »

Ослободен е рускиот службеник во мисијата на УНМИК, кој беше уапсен од косовската полиција


Правосудните институции во Косово го ослободија рускиот државјанин, вработен во Мисијата на Обединетите нации (УНМИК), кој беше уапсен од косовската полиција за време на акцијата во северниот дел на Косово. Специјалниот обвинител на Косово, Сил Хоџа, за Радио Слободна Европа потврди дека го ослободија бидејќи има дипломатски имунитет и не може да биде задржан во …

Ослободен е рускиот службеник во мисијата на УНМИК, кој беше уапсен од косовската полиција Read More »

Filipçe shkarkon Belën


Ministri i Shëndetësisë, Venko Filipce ka shkarkuar drejtorin ekonomik të Gjinekologjisë “Nena Tereza” në Çair, Valon Belën, pasi ai akuzoi drejtoreshën e Gjinekologjisë Viktoria Jovanovskën për furnizime publike ne mënyrë të paligjshme dhe se ka favorizuar kompani të cilat kryejnë teste laboratorike me shuma të majme.

Филипче го разреши Беља


Министерот за здравство Венко Филипче експресно го разреши економскиот директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Ваљон Беља откако тој обвини за финансиски криминал и непотизам на клиниката. Нарушени односи и несоодветен пристап е официјалната причина за нарушувањето. Беља ја обвини стручната директорка Викторија Јовановска дека незаконски спроведува тендери, фаворизира одредена фирма, при што во опасност …

Филипче го разреши Беља Read More »