Сообраќајка кај Пехчево, едно лице е тешко повредено


Во 17:30 часот вчера на регионалниот пат Делчево-Берово, кај село Тработивиште, патничко возило „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(37) од село Црник, Пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот. Како што соопштуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му била …

Сообраќајка кај Пехчево, едно лице е тешко повредено Read More »

Макрон размислува да распише референдум за излез од кризата


Францускиот претседател Емануел Макрон сѐ повеќе размислува за организирање референдум за решавање на кризата предизвика од протестите на „жолтите елеци“, кој би можел да се одржи на 26 мај, за кога се закажани изборите за Европскиот парламент, пишува денеска весникот „Журнал ди Диманш“ . Според извори блиски до властите на Франција, Министерството за внатрешни работи …

Макрон размислува да распише референдум за излез од кризата Read More »

Мас: Би сакал Британците да се откажат од Брегзит, нема нови преговори


Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави дека би сакал Велика Британија да се откаже од Брегзит иако смета дека таков исход е малку веројатен. Во интервју за „Функе медија групацијата“, тој го повтори ставот на ЕУ дека нема да има нови преговори со Лондон за прашањето за договор за Брегзит. -Договорот со …

Мас: Би сакал Британците да се откажат од Брегзит, нема нови преговори Read More »

Мицкоски: Победа на избори, па против Договорот од Преспа


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа не одговара што е тоа „сè“ што ќе сторат за да ги изменат процесите кои произлегуваат од Договорот од Преспа. Прво, како што вели, требало ВМРО-ДПМНЕ да победи на избори, да формира влада, па на менување на процесите ќе оделе чекор по чекор. -Откако …

Мицкоски: Победа на избори, па против Договорот од Преспа Read More »

Почна интервјуирањето на 57 кандидати за новиот состав на антикорупциската комисија


Почна спроведувањето интервјуа на пријавените кандидати по огласот за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. Интервјуто го спроведува Комисијата за селекција со која претседава Мухамед Зекири, а се одвива на седница на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Ќе бидат интервјуирани 57 кандидати, а доколку некој не дојде …

Почна интервјуирањето на 57 кандидати за новиот состав на антикорупциската комисија Read More »

Подгответе се: Денеска ќе имаме топло време


Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, а по одделни котлини ќеима услови за појава на магла. Потоплото време ќе предизвика и нагло топење на снежната покривка. Температурата ќе се движи од осум до 16 степени. Од среда се очекува да бидеме под северно воздушно струење, ветерот ќе го промени правецот во северен и …

Подгответе се: Денеска ќе имаме топло време Read More »

Премиерот Заев утре во посета на Бугарија


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев утре ќе престојува во Република Бугарија, каде ќе се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов. На средбата, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе стане збор за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, …

Премиерот Заев утре во посета на Бугарија Read More »

(ВИДЕО) Подигнувајќи ја наградата од „Санденс“ апелираа: Решете го загадениот воздух во Македонија!


Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котеска синоќа триумфираше на доделувањето на наградите на најпрестижниот фестивал на независен филм „Санденс“. Подигнувајќи ја наградата на најдобар филм, продуцентот Атанас Георгиев упати апел да се реши проблемот со загадениот воздух. Погледнете го видеото, како нашите филмаџии мораше трипати да се качат на …

(ВИДЕО) Подигнувајќи ја наградата од „Санденс“ апелираа: Решете го загадениот воздух во Македонија! Read More »

За седум години над 300 илјади Бугари се иселиле во Германија


Во моментов во Германија живеат повеќе од 416.000 Бугари, објавија Министерството за надворешни работи на Бугарија и Агенцијата за Бугарите во странство. Во 2011 година податоците на Министерството покажуваат дека во Германија имало нешто помалку од 75 илјади жители, што значи дека за седум години бројката на Бугари во Германија се искачила за 341 илјада. …

За седум години над 300 илјади Бугари се иселиле во Германија Read More »

Триумф на македонскиот филм „Медена земја“ на „Санденс“


Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“, во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфира во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“). На церемонијата што се одржа во саботата на 2 февруари, во Парк Сити, Јута, САД , „Медена земја“ ja доби големата награда на жирито …

Триумф на македонскиот филм „Медена земја“ на „Санденс“ Read More »

Црвенковски се појави на настан во Подгорица


Поранешниот македонски премиер и претседател, Бранко Црвенковски, првпат откако е поранешен претседател се појави во јавност на политички настан во Подгорица. Тој е дел од новоформираниот Подгорички клуб, во кој членуваат поранешни премиери и претседатели од регионот. Овој клуб е формиран за да понуди визија за Западен Балкан, како заедничка стратегија за интеграција во ЕУ. …

Црвенковски се појави на настан во Подгорица Read More »

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници


Владата предводена од СДСМ изнајде решение, државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници кон лозарите кои со години не можеа да го наплатат предадениот род од 2014-2016 година, се вели во соопштение од партијата. Со ова решение, над 1.5 милиони евра ќе завршат директно кај лозарите во тиквешкиот регион. „Со предлог измени на Законот …

СДСМ: Државата ќе ги исплати долговите на приватните винарници Read More »

Gruevski u largua nga Maqedonia sepse duhej që ta likuidonin në burg, por nuk tha argumenta për këtë konfirmim


Ish-kryeministri dhe azilanti në Hungari, Nikolla Gruevski në intervistën për TV Sitel tha se ai ka qenë i gatshëm që të shkojë në burg, por se në momentin e fundit e ndryshoi vendimin sepse ka pasur informacione të cilat tregonin se  ishte panifikuar likudimi i tij në burg. “Fillimisht kisha për qëllim që nëse pushteti …

Gruevski u largua nga Maqedonia sepse duhej që ta likuidonin në burg, por nuk tha argumenta për këtë konfirmim Read More »

Франсоа Оланд: Сносам дел од одговорноста за гневот на „жолтите елеци“


Поранешниот претседател на Франција, социјалистот Франсоа Оланд признава дека „сигурно” сноси дел од одговорноста за гневот изразен од страна на движењето на „жолтите елеци“, во интервјуто за белгискиот дневен весник Ле Суар, јавува дописникот на МИА. -Како политички актер кој ја извршуваше власта, јас имам дел од одговорноста, вели поранешниот шеф на државата во интервјуто …

Франсоа Оланд: Сносам дел од одговорноста за гневот на „жолтите елеци“ Read More »

Мицкоски со поддршка до Димовски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се оглaси на твитер со поддршка до пратеникот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски, за кого Собраниската комисија за деловнички мандатно-имунитетни прашања предложи одземање на партеничкиот имунитет. За него тој е човек кој безпоштедно се троши за Македонија! „Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон. …

Мицкоски со поддршка до Димовски Read More »

Груевски: Ќе се вратам, не сум дојден тука да живеам


„Побарав политички азил заради политички прогон од власта. Унгарските власти го разгледаа и по проверките и консултациите донесоа одлука дека постојат доволно докази и причини државата да издаде азил заради политилки прогон. Слободен сум, немам никакви ограничувања, не ми треба обезбедување. Во хотел бев сместен првите два дена, но не плаќав по илјада евра, како …

Груевски: Ќе се вратам, не сум дојден тука да живеам Read More »

Централноафричка република и 14 вооружени групи постигнаа мировен договор


Централноафриканската република и 14 вооружени групи од таа земја денеска постигнаа мировен договор, соопштија Обединетите нации. Преговорите започнаа во Судан, Картум, на 24 јануари. Централноафриканската Република се наоѓа во хаос од 2013 година, кога муслиманските бунтовници на Селек го симнаа од власт претседателот, што доведе до судир со христијански паравоени формации. Во конфликтот беа раселени …

Централноафричка република и 14 вооружени групи постигнаа мировен договор Read More »

Први голови за Игуаин во дресот на Челзи


Аргентинецот Гонзало Игуаин ги постигна првите два гола во „синиот“ дрес. Тој заедно со Еден Азар постигнаа по два гола во триумфот на Челзи над Хадерсфилд со 5:0. Во листата на стрелци се запиша и Давид Луиз. Резултати на другите саботни попладневни натпревари во 25. коло на шампионатот на Англија: Тотенхем – Њукасл 1:0, Брајтон …

Први голови за Игуаин во дресот на Челзи Read More »

Мики Манојловиќ: Протестите во Србија се залудни


Светски познатиот српски актер Мики Манојловиќ изјави дека протестите во Србија почнати пред осум недели се залудни, бидејќи опозицијата нема програма и нагласи дека актерите се неминовно вклучени во политиката, илустрирајќи го тоа со сегашниот негов ангажман во Хрватското народно казалиште (ХНК). Тој истакна дека политичките партии ги искористуваат актерите. „Се разбира дека и ние …

Мики Манојловиќ: Протестите во Србија се залудни Read More »

Пораз за шампионот реми за лидерот во Бундеслигата


Баер Леверкузен му го нанесе четвртиот пораз на шампионот Баерн Минхен, попладнево во дуел од 20.коло од германската Бундес лига. Поразот на Баерн само делумно го искористи лидерот Борусија Дормунд која одигра нерешено на гостувањето во Франкфурт. Резултати на денешните завршени натпревари од 20. бундеслигашко коло: Баер Л – Баерн 3:1, Ајнтрахт – Борусија Дортмунд …

Пораз за шампионот реми за лидерот во Бундеслигата Read More »