Мас: Би сакал Британците да се откажат од Брегзит, нема нови преговори


Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас изјави дека би сакал Велика Британија да се откаже од Брегзит иако смета дека таков исход е малку веројатен.

Во интервју за „Функе медија групацијата“, тој го повтори ставот на ЕУ дека нема да има нови преговори со Лондон за прашањето за договор за Брегзит.

-Договорот со Британија веќе е компромис, особено ако се земат предвид одредбите во врска со Северна Ирска. Не смее да се постави цврста граница со Република Ирска. Не можеме да ризикуваме повторно конфликт во Северна Ирска, изјави Мас.

Според него, единствена опција да се избегне хаотичен Брегзит, односно напушатње без договор, е да се прифати постоечкиот договор. Велика Британија би требало да ја напушти Унијата на 29 март.