Обвинение за 29-годишен скопјанец кој украл возило и нападнал полицајци


 По спроведување на истражната постапка, надлежен јавен обвинител до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 29-годишен скопјанец, кој се товари дека сторило кривични дела  – тешка кражба и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. -Обвинетиот 29-годишен скопјанец делата ги сторил на 21 јули, кога забележал две лица, оштетениот и неговата […]

Две лица под истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Скопје


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – разбојништво на 9 октомври во спортска обложувалница во Скопје. -Осомничените, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје и се заканиле дека ќе нападнат врз […]

Мбапе се враќа во игра


Напаѓачот на Пари Сен Жермен – Килијан Мбапе е подготвен да игра и ќе му биде на располагање на тренерот – Томас Тухел за средбата со Ница вечерва. Дваесет-годишниот фудбалер ги пропушти натпреварите на репрезентацијата на Франција со Исланд и Турција поради болки во бедрото, но сега е целосно подготвен за игра. Ова е една […]

Тешко повреден градежен работник во Гостивар


Работник на возраст од 40 години од село Градец вчера бил донесен во болницата во Гостивар, откако се повредил додека извршувал градежни работи на куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар и инспектор за труд и заштита при работа. Се работи на расчистување на случајот.

Данчила: Мандатарот не може да одлучува за романскиот еврокомесар


Романската премиерка во заминување Виорика Данчила, синоќа на прес конференција изјави дека Лудовик Орбамн, кој од претседателот  Клаус Јоханис е предложен за нов романски премиер, не може да донесува одлуки за еврокомесарот што Романија треба да го даде во новиот состав на Европската комисија во Брисел, пренесе Аџерпрес. Данчила кажа дека претседателот Јоханис направил „голема […]

Европол: Жените способни за кривични дела колку и мажите


Жените се исто толку способни да извршат сериозни кривични дела како и мажите, покажуваат податоците од веб-страницата на најбараните жени бегалци во Европа. Според соопштението на Европол, бројот на жени вклучени во криминални активности се зголеми во последните децении, иако темпото на тој раст е побавен од оној на мажите. Како едно објаснување за овој […]

Ангеловска: ММФ два пати ја зголемува проекцијата за раст на македонската економија


Во услови кога Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намалува проекцијата за глобалниот раст, по втор пат годинава ја зголемува проекцијата за растот на македонската економија. Ова значи дека изгледите за растот на македонската економија се добри, а уште побитно е дека зборуваме за раст кој се должи на добри резултати во сите економски сектори, рече […]

Мицотакис со поддршка на ЕУ перспективата на соседите, СИРИЗА го поздравува „салтото“ на владата


Поддршка за членство во ЕУ за северните соседи, изрази премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис пред почетокот на вчерашниот самит на Унијата, позиција која од опозициската СИРИЗА ја коментираат како големо „салто“, но истовремено и ја поздравуваат, jави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер рече дека за Западен Балкан, Грција е столб на стабилноста, изрази […]

Small tip, big shame and а bigger slant


Ilo Trajkovski Life goes on. Better yet, the struggle for life in this country continues. No matter what happens! Whether the heads of state or government of the EU member states have given us a date or not, we will continue to act the way we have so far. Even if we are given a […]

Бр. 536


Ило Трајковски – Мал бакшиш, голем срам и поголем арам Добро е што извлековме жива глава, не убија од ќотек, пцуење и плукање Се бараше спас до последен час Датумот за избори “поважен” од датумот за преговори Ревизорите немаат директор, ама добија кафеана Судењето за Латас по трет пат почна од почеток

Судењето за Латас по третпат почна од почеток


И судењето за случајот што го отвори Специјалното јавно обвинителство „Тотал“, во кој е обвинет новинарот Драган Павловиќ-Латас, вчера почна од почеток поради истата причина поради која се врати на почеток судењето за „Шлаканиците во Општина Центар“, односно бидејќи поминале 90 дена од последното одржано рочиште. Обвинетиот Латас повторно се изјасни за вина и пред […]

Одложена собраниската седница


Четвртото продолжение на 114.седница на Собранието на Република Северна Македонија што требаше да се одржи денеска е одложено за понеделник. На оваа седница требаше да расправа за дополнетите предлог – закони за изменување и дополнување на законите за задолжително осигурување во сообраќајот, за воздухопловство, дополнетиот предлог – закон за Инспекторат за употреба на јазиците, во […]

Светска премиера на „Врба“ на Манчевски утре во Рим


Светската премиера на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде утревечер на Филмскиот фестивал во Рим, Италија, во рамките на третата фестивалска вечер. Годинава, во официјалната програма на еден од најголемите фестивали во светот селектирани се 33 филмови, меѓу кои и „Врба“. Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на фестивалот Антонио Монда го опиша филмот на […]

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона


Демонстрантите се судрија со полицијата во Барселона четврта вечер по ред за време на протестите поради пресудите за лидерите на каталонските сепаратисти кои учествуваа во организацијата на референдумот за отцепување. Сценариото од претходните ноќи се повтори, откако синоќешните мирни протести излегоа од контрола кога радикалните сепаратисти запалија барикади и столчиња на кафулиња во монденската улица […]

Ангеловска-Бежоска: Македонската економија не е директно изложена на ризиците од глобалните трговски тензии


– Македонската економија не е директно изложена на ризиците од глобалните трговски тензии. Нашата трговија и со Соединетите Американски Држави и со Кина е мала – истакна меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Гласот на Америка“, во текот на Годишните средби на ММФ и Групацијата на Светската банка во Вашингтон. […]

Курдите го прифаќаат договорот за примирје во Сирија


Сириските демократски сили ќе го прифатат договорот за примирје со Турција и ќе направат се што е неопходно тој да биде спроведен, изјави командантот на силите предводени од Курдите, Мазлум Кобани. Кобани рече дека договорот е само почеток и оти со него нема да се постигнат целите на Турција. Тој додаде дека договорот е ограничен […]

Со настап на Дејвид Торн и Фред Фрит стартуваше Скопскиот џез фестивал


Двајца култни гитаристи од САД – Дејвид Торн и Фред Фрит со неговото трио во Националната опера и балет (НОБ) го отворија вчеравечер Скопски џез фестивал, кој ќе трае до недела. Дејвид Торн е композитор, текстуралист, гитарист, импровизатор, филмски композитор и продуцент со извонредна светска репутација, познат по својот уникатен музички израз што опфаќа и […]

Владата на Црна Гора ја стопира изградбата на неколку мали хидроцентрали


Владата на Црна Гора го задолжи Министерството за економија да ги почне преговорите за спогодбен прекин на договорите за изградба на мали хидроцентрали во неколку градови. Премиерот Душко Марковиќ, по седницата на Владата во Плевље, соопшти дека станува збор за хидроцентралите на реката Бистрица во Бело Поље, на Муринска, Ѓуричка и Коморачка река во Плав,  […]

САД воведоа царини за европски производи


САД денеска воведоа дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа производи, што претставува нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп и покрај европските закани дека ќе се воведат реципрочни мерки. Царините стапија во сила една минута по полноќ и, меѓу другото, се однесуваат на авионите на „Ербас“, француските вина и шкотското […]

Повеќе од третина од учениците во второ одделение со зголемена телесна тежина или дебелина


Повеќе од третина од децата на возраст од шест до осум години кои одат во второ одделение во државава имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Од нив поголемиот број живеат надвор од Скопскиот регион. Сепак, во изминатите неколку години е регистрирана стагнација на бројот на деца со зголемена телесна тежина или дебелина во државава. Докторите […]