Трочањи го обвинува Парламентот за политичка одлука


Ласло Трочањи реагираше на одлуката на комисијата за правни прашања на Европскиот Парламент, која денеска оцени дека тој не може да биде европски комесар поради конфликт на интереси. Трочањи не сакаше да одговара на новинарски прашање по неговиот состанок со членовите на парламентарната комисија, но издаде писмено соопштение, во кое обвинува за политичка одлука. -На […]

Германските компании го скратуваат работното време


Скратено работно време е се повеќе присутно во германските компании во индустрискиот сектор, според студијата на економскиот институт Ифо од Минхен. Во производниот сектор, 5,5 проценти од компаниите веќе воведоа работа со скратено работно време, во споредба со само 3,8 проценти во јуни, се вели во соопштението на Ифо доставено до Танјуг. Во исто време, дури 12,4 проценти од компаниите […]

Си пукал во рака додека го чистел пиштолот


М.А. во село Лажани, Прилепско, вчера, испукал еден куршум и се повредил во левата рака додека го чистел пиштолот што го поседувал со дозола. Како што соопшти МВР, во Полициската станица Прилеп настанот бил пријавен вчера во 14:40 часот. Повредениот бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила […]

„Маџун“ на Влада Урошевиќ – македонски кандидат за „Балканика 2019“


Романот „Маџун“ на Влада Урошевиќ е избран за македонски претставник за меѓународната награда „Балканика 2019“. Одлуката едногласно ја донесе жири во состав: проф. д-р Елизабета Шелева (претседател) и проф. д-р Ермис Лафазановски и проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (членови). На конкурсот за избор на национален претставник годинава до организаторот, издавачката куќа „Магор“, пристигнале 12 книги. Покрај […]

Димовски: Нема да дозволиме во АНБ да работат луѓе кои имаат конфликт на интереси


Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски во интервју за МИА нагласува дека основен приоритет е да се заврши реформата и да отпочнат со работа како релевантен безбедносен субјект, што ќе има капацитет да одговори на современите безбедносни предизвици и да се грижи за националната безбедност. Пред за утре најавената работна посета на […]

Почина поранешниот тренер на ФК Вардар, Вишњевац


На 80-годишна возраст денеска почина поранешниот тренер на фудбалскиот клуб Вардар, Вукашин Вишњевац. Вишњевац во сезоната 1983/84 беше шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски клуб Вардар, и ќе остане запаметен како човекот кој ги лансираше Дарко Панчев, Драги Сетинов, Чедомир Јаневски и други. Освен како тренер, Вишњевац остави трага во Вардар и со тоа што целосно го реформираше спортскиот […]

Агенцијата за примена на јазици објави брошура за употреба на службените јазици


Агенцијата за примена на јазици објави брошура во електронска верзија за употреба на службените јазици, која има за цел да се информираат граѓаните во однос на нивните права кои произлегуваат од новиот закон за употреба на јазиците. Директорот на Агенцијата Илбер Села наведе дека јазичната рамноправност е една од највисоките вредности кои можеме ние како […]

Барокната градска куќа оди на продажба со одлука на Советот на Град Скопје


На денешната 41 седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов, беше усвоена одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар. Продажбата ќе оди со аукција, преку системот на ЗЕЛС, соопшти Град Скопје. – Денешнава седница ја отвораме со оваа точка затоа што во меѓувреме успеавме да […]

Од понеделник расчистување на опожарениот терен над велешкото езеро „Младост“


ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес од понеделник стартува со големата акција за расчистување на опожарените површини над велешкото езеро „Младост“, каде во големиот шумски пожар од 26 август годинава неповратно изгореа 409 хектари, од кои 200 хектари под борова шума. Љубинка Попова за МИА информира дека есенва мора да бидат исчистени сите опожарени локации, […]

Subvencione prej 15 milionë denarësh për stufa me peleta për amvisëritë nga kategoritë e rrezikuara


Tridhjetë milionë denarë do të dedikohen për subvencionimin e amvisërive të cilët duan të blejnë stufa me peleta. Këtë vit për herë të parë nga shuma e përgjithshme, gjegjësisht 15 milionë denarë janë paraparë për subvencionimin e kategorive të rrezikuara të qytetarëve. “Kategoritë e rrezikuara të qytetarëve do të blejnë stufa me peleta dhe t’i […]

Катругалос: Се чини дека Атина сака да ги стави Северна Македонија и Албанија во пакет


Се чини дека Владата на Грција сака да ги стави во пакет случаите на Северна Македонија и Албанија, во однос на европската перспектива, вели поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос во интервју за радиото на АНА-МПА „Практорио фм“. – Се чини дека Владата сака да […]

Тачи: Косово ќе му биде вечно благодарно на Ширак


Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази жалење поради смртта на поранешниот француски претседател Жак Ширак, за кого вели дека „му помогна на Косово во најтешките денови“. Тачи на својата страница на Фејсбук напиша дека, за поддршката на бомбардирањето на НАТО врз српски воени и полициски цели во 1999 година, „граѓаните на Косово ќе му бидат вечно […]

Полицијата приведе две лица додека краделе во двор од куќа во Куманово


Кумановската полиција  затекнала двајца крадци во двор од куќа на улицата „Народна револуција“, соопшти денеска СВР Куманово. Полициските службеници, дваесет минути по полноќ во двор од куќата ги лишиле од слобода 23-годишниот А.А. и  една година постариот В.А. од Куманово. Уште едно лице кое било со нив успеало да избега. Тие биле затекнати додека извршувале тешка кражба во куќата,  а покрај […]

Триесет милиони денари за субвенциии за печки за пелети, половина од нив за ранливите категории


Триесет милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на домаќинствата кои сакаат да купат печки на пелети. Годинава, првпат половина од вкупната сума, односно 15 милиони денари се предвидени за субвенционирање на ранливите категории на граѓани. – Ранливите категории граѓани ќе може да купуваат печки на пелети и притоа да ги исполнат соодветните услови од […]

Георгиески: За секоја дива градба ќе се постапува соодветно


Проблемот со дивоизградените објекти во Охрид е напластуван со години наназад, а последен пат нивно отстранување имаше во 2003 и 2004 година, смета градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, кој вели дека оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Според него, овој проблем не може да се реши во рок од […]

Принцезата Беатрис се сврши за мултимилионер, свадбата догодина


Англија– Бакингемската палата соопшти дека принцезата Беатрис (31), постарата ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, се свршила со мултимилионерот, Италијанецот Едуардо Мапели Мози  (34) по една година врска. Свадбата се очекува догодина. Ова ќе биде втор брак за младоженецот кој од претходниот има син. Мози ја запросил Беатрис месецов на одморот во Италија. Лани, […]

Државата ќе плаќа преквалификација и придонеси за административците кои ќе преминат во приватниот сектор


Зголемување на ефикасноста на работењето на јавниот сектор и на администрацијата, како и решавање на проблемите во однос на неприменливоста на одредени одредби од постојните закони, е целта на предложените измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници за кои денеска во Скопје се одржа втората јавна расправа. Министерот за […]

Денови на европското културно наследство: Прилепскиот музеј достапен за децата со посебни потреби


Со посета на археолошката поставка и со едукативно-визуелна работилница за децата со посебни потреби, Завод и музеј – Прилеп првпат годинава се вклучи во манифестацијата „Денови на европското културно наследство“. Пет деца од Дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“ и четири деца од Дневниот центар за церебрална парализа денеска ја разгледаа археолошта поставка […]