Си пукал во рака додека го чистел пиштолот

М.А. во село Лажани, Прилепско, вчера, испукал еден куршум и се повредил во левата рака додека го чистел пиштолот што го поседувал со дозола.

Како што соопшти МВР, во Полициската станица Прилеп настанот бил пријавен вчера во 14:40 часот.

Повредениот бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.