Од понеделник расчистување на опожарениот терен над велешкото езеро „Младост“

ЈП Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес од понеделник стартува со големата акција за расчистување на опожарените површини над велешкото езеро „Младост“, каде во големиот шумски пожар од 26 август годинава неповратно изгореа 409 хектари, од кои 200 хектари под борова шума.

Љубинка Попова за МИА информира дека есенва мора да бидат исчистени сите опожарени локации, односно исечени сите опожарени дрвја од црн бор на површина од 200 хектари. Таа очекува во акцијата да се приклучат невладините организации, ЈКПДервен“ по налог на Општина Велес, припадниците на АРМ и сите заинтересирани граѓани институции и фирми и граѓани.

Воедно, најави дека планот е есенва на 50 хектари да бидат засадени садници од зимзелени брзорастечки дрвца – чемпрес и туја. Акцијата за пошумување ќе стартува на 9 ноември, Денот на градот, со масовна вклученост на велешани.
Попова најавува дека вработените на ШС „Бабуна“ ќе ја продолжат акцијата за пошумување цела есен, односно се додека постојат поволни услови и не се засадат придвидените 50 хектари.
-Работата ќе биде макотрпна и долготрајна, но ние не се помируваме со изгубеното и ќе направиме големи напори што поскоро да ја вратиме зелената шума над велешко езеро „Младост“ која дброволно ја засадија велешани пред 50-тина години. Со цел сето тоа што поскоро да се реализира ги повикуваме да ни се приклучат сите невладини организации, ученици, граѓани фирми и институции. Голема подршка веќе имаме од Опшина Велес и ЈКП „Дервен“, како и припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон, кои учествуваат во сите масовни акции за пошумување во околината на Велес, рече Попова.

Инаку, првичното расчистување на опожарените површини се изведе во понеделникот на 23 септември, кога по налог на Општина Велес, вработени од ЈКП „Дервен“ над велешкото езеро „Младост“ расчистија мал дел од опожарена површина над летниковците наспроти бродот „Панини“, а во акцијата за расчистување беа вклучени и припадници на Армијата од велешкиот гарнизон.

Тогаш симбилично беа засадени 30 дрвца брзорастечки јапонски кедер. Симбилично прв дрвце засади претседателот Стево Пендаровски, кој даде поддршка за старт на големата акцијата за пошумување на површините над велешкото езеро „Младост“.