(Фото) Црвениот килим на Мостра: Доминација на италијански дизајнери


Италија– Тоалети на италијански дизајнери од Армани до Алберта Ферети доминираа на отварањето вчера на 76. Меѓународен филмски фестивал во Венеција кој годинава се најавува да биде Холивуд во мало. На црвениот ќилим продефилираа и актерки и манекенки. До 7 септември се најавува гламур и присуство на ѕвезди од А-листата.    

Две деца заборавени во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница


Две деца се најдени оставени сами вчера во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Тие по реакција на граѓани биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје. Од МВР го потврдуваат случајот, но повеќе детали најавуваат за подоцна. Се уште не е познато колку време и зошто биле оставени децата сами во атомобилот.

Медиуми: Одлуката на Џонсон за суспендирање на Парламентот е со цел брегзит без договор


Одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да ја суспендира работата на Парламентот ја отежнува кризата со брегзит. Потегот на Џонсон одобрен од кралицата Елизабета Втора ги ограничува значително можностите за акции на пратениците кои сакаат да го попречат Лондон да ја напушти ЕУ без договор. „Кралицата немаше друг избор“, наведува Монд. Пратениците се надеваа дека […]

Скопје ќе добие „pumptrack“ полигон


Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на новиот „pumptrack“ полигон што го изгради Градот Скопје на површината пред Олимпискиот базен „Центар“. Полигонот претставува сплет на кривини и контури кои овозможуваат забавна, но пред се, безбедна спортска активност. На отворањето на полигонот, денеска во 18 часот, ќе присуствува […]

„Охрид фест – Охридски трубадури“ : Нов бран од квалитетни композиции


„Охрид фест – Охридски трубадури 2019“, еден од најстарите фестивали во Македонија во своето 26-то издание најавува силен бран нови композиции со квалитетен призвук и изразување. „Оваа година го подигнавме критериумот на повисоко ниво со изборот на композиции и директен разговор со учесниците за аранжманите и изведбите“ – вели Цане Петров, уметничкиот директор на фолк […]

Пожарот кај Радовиш се шири кон Струмичко


Пожарот на планината Готен, меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш, се уште гори и се шири кон општина Василево, информира градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов. Од вчера се ангажирани и хеликоптери на Аармијата во гаснењето на пожарот, а од денеска градоначалникот Конзулов бара да се вклучат и војници, покрај екипите на Дирекцијата за […]

Министрите за одбрана на ЕУ првпат ќе разговараат за климатските промени


Финска – Министрите за одбрана на ЕУ денешниот неформален состанок во Хелсинки првпат ќе разговараат за безбедносните аспекти на климатските промени, посочи утрово шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини. – Утрово ќе продолжиме со агенда која е многу фокусирана на одговорноста на Европската Унија во однос на безбедносните предизвици со кои се соочуваме глобално, ќе почнеме […]

Авионскиот превоз со најголем раст на патници и стока


Воздухопловниот превоз и на патници и на стока, бележи најголем раст, споредено со останатите видови транспорт, во вториот квартал  во однос на првиот квартал годинава, како и во однос на вториот квартал лани,  а зголемувањето кај каргото достигнува до 72,8 процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За 11,7 проценти е зголемен бројот на […]

Актерот како турист: Бред Пит пристигна во Венеција


Италија– Холивудската ѕвезда Бред Пит пристигна со чамец на Венецискиот филмски фестивал облечен како турист, во фармерки, маица и со шапка. Актерот во Венеција го промовира филмот „Ад астра“ , првиот излет на наградуваниот режисер Џејмс Греј во научна фантастика. Филмот ќе почне да игра во кината од 20 септември. Пит е актуелен со филмот […]

Хрватска: Први обвиненија поднесени во аферата „Агрокор“


Хрватска– Хрватското државно обвинителство поднесе први обвиненија во аферата „Агрокор“ против 29 лица, вклучително и директори на 13 компании кои беа снабдувачи на концернот. Според хрватски медиуми, обвинетите се товарат за фалсификување службени и деловни документи. Тоа е исходот од делот од аферата што се однесува на меници поради што истрагата беше покрената на почетокот […]

„Скопје синема сити“ од 3 до 7 септември, почнува со изложба од концерти на Влатко Стефановски


Со изложбата „Патешествие“ на концертни и промотивни постери и плакати на Влатко Стефановски, в понеделник  (2 септември)  од 20 часот во Музеј на град Скопје ќе почне петтиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Петдневната филмска програма ќе се реализира во Кинотеката од 3 до 7 септември. Изложбата „Патешествие“ која му претходи […]

Доделени наградите на 10. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“


Со доделување наградите во пет категории, заврши десеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“.  Филмот „Соло“  – копродукција на Чешка, Франција, Аргентина и Австрија во режија на Артемио Бенки ја доби наградата „Кромид“ за најдобар филм во главната програма. Одлуката ја донесе жири во состав Ен Жоржете, Инеке Смитс и Виктор Еде, кое […]

Северна Македонија и Кипар ќе воспостават дипломатски односи


Грција – На маргините на неформалниот состанок во Хелсинки на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ и државите кандидати за членство, шефовите на дипломатиите на Република Северна Македонија и Република Кипар, ќе имаат средба и ќе потпишат документ за воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. Средбата на Никола Димитров со Никос Христодулидис […]

Нови рочишта за „Тендери“ и „Насилство во Општина Центар“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите „Тендери“ и „Насилство во Општина Центар“ на СЈО. Случајот за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година го води судијата Душан Јосифов, а застапник на обвинението е Гаврил Бубевски. Во „Насилство во Општина Центар” на СЈО обвинети се повеќе лица, […]

ВМРО сака да ја предложи новата Катица


Дваесетина амандмани ќе поднесе ВМРО-ДПМНЕ на предлог-законот за обвинителство, кој денеска е на дневен ред во собраниската Комисија за европски прашања. Од опозициската партија велат дека не им е целта да го блокираат законот со стотина амандмани, а и не сакаат да ѝ дадат повод на власта да прифати процентуално голем број, но не и […]

СЗО: Драматично враќање на малите сипаници во Европа


Англија – Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои „драматично враќање“ на сипаници во Европа, делумно помогнато со одбивање на вакцинација. Речиси 90.000 луѓе се заболени од сипаници во првата половина на 2019 година. СЗО, здравствената агенција на ОН, во извештајот нагласува дека бројот на заболени од сипаници е двојно зголемен од јануари до јуни во […]

„Прислушкувањето“ на Фејсбук под лупа на ЕУ


Белгија– Германија отвори истрага за практиките на Фејсбук откако социјалната мрежа призна дека прислушкувала корисници преку апликацијата Месинџер, се очекува други земји членки да го сторат истото. Фејсбук, пред неколку недели, призна дека собирала аудио податоци преку апликацијата Месинџер, иако долго време негираше дека постои таква пракса. Социјалната мрежа ги снимала аудио разговорите преку апликацијата, […]

Денес ќе бидат извлечени групите во Лигата на шампионите


Монако – Европската фудбалска федерација попладне со почеток во 18 часот во „Гриманди форум“ во Монако ќе ја почне жрепката за групите во Лигата на шампионите. Пред извлекувањето, 32 екипи се поделени во четири „шешири“. Во првиот „шешир“ се: Ливерпул (Англија), Челзи (Англија), Барселона (Шпанија), Баерн Минхен, (Германија), Јувентус (Италија), Манчестер Сити (Англија) ПСЖ (Франција) и […]

Венеција центар на филмската уметност: Почна 76. Мостра


Италија- Годинашниот 76. филмски фестивал во Венеција ветува сè што го прави овој настан возбудлив – одлични филмови, гламурозни sвезди и контроверзии. Фестивалот вчера беше отворен со семејната драма „Вистина“ на јапонскиот режисер Хироказу Корида, минатогодишниот добитник на Златна палма во Кан за филмот „Семејни врски“. Филмот со водечка актерска екипа, вклучувајќи ги Кетрин Денев, […]

Изложба на дела од белградската „Галерија 73“ во Порта Македонија


Изложба на дела од „Галеријата 73“ од Белград ќе биде отворена вечер во галерискиот простор на Порта Македонија во Скопје. На изложбата се очекува да бидат поставени триесетина дела во различни техники од еминентни српски автори како своевиден пресек на тенденциите во спрската ликовна сцена низ призма на колекцијата на „Галеријата 73“. На отворањето ќе […]