Париз: Уапсени 37 мигранти за време на протестот на „црните елеци“


Париската полиција вчера уапси 37 лица за време на протестот на илегалните мигранти, откако демонстрантите го опколиле познатиот Пантеон со барање да им се одобрат дозволи за престој. Полицијата на Твитер објави дека ги евакуирала демонстрантите кои илегално живеат во Франција и бараат средба со премиерот Едуард Филип, а при акцијата се уапсени 37 лица. […]

За шест месеци вратени 196 милиони евра ДДВ на фирмите


Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека повратот на ДДВ кон фирмите заклучно со јуни е поголем за околу 20 отсто во однос на истиот период лани или за скоро […]

Над 120.000 граѓани скенираат фискални сметки


Oд почетокот на јули, кога почна да се реализира мерката за враќање на 15 проценти од платениот ДДВ, апликацијата „Мој ДДВ“ ја користат над 120.000 граѓани, информираше Управата за јавни приходи. За 11 дена биле скенирани 1.964.811 фискални сметки, остварениот промет изнесува 1.041.512.209 денари, а повратот од 15 проценти од пресметаниот ДДВ е 16.323.077 денари. […]

Македонски туристи во Халкидики: Не се исплашија од невремето, туку од струјата и од водата


Халкидики полека се враќа во нормала по катастрофалното невреме во средата што одзеде седум животи и нанесе огромна материјална штета на полуостровот. Најголемиот дел од местата по крајбрежјето меѓу Солун и Халкидики, како и на краците Касандра и Ситонија, сè уште се без вода. Продолжува и расчистувањето на патиштата. Службите ги санираат штетите, работат деноноќно […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Без пријателите, и најсилниот човек станува несигурен, затоа повлекувањето во сопствената школка нема да ја зголеми самодовербата. На вашите сакани не им е јасно што се случува, и покрај тоа што сите работи ви се испланирани идеално: викенд- патувањето или домашниот буџет. Затоа направете напор и насмејте се малку, покажувајќи им сепак колку ги […]

Претставничкиот дом со гласање го спречи Трамп да почне војна со Иран


Претставничкиот дом на САД денеска гласаше со цел да го спречи претседателот Доналд Трамп да почне војна со Иран, освен во случај на самоодбрана. Според најновата одредба, на Трамп му е потребно одобрување од законодавците во случај да планира да нареди воена акција против Иран. Се уште не е познато дали конкретните санкции кон Иран […]

Mанџукиќ ја одби Борусија


Марио Манџукиќ ја одби понудата на германскиот клуб Борусија Дортмунд, кој беше подготвена да плати 15 милиони евра за неговите услуги. Понудата на Борусија беше прва по најавите дека Манџукиќ го нема во плановите на новиот тренер на Старата дама, Маурицио Сари и дека италијанскиот шампион одлучи да го продаде. Според медиумите иако Хрватот ја […]

Ромеро ја засилува одбраната на Јувентус


Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро е најновото засилување на екипата од Торино. Досегашниот бек на Џенова, веќе го потпишал договорот со Старата дама, кој треба да трае пет години, но под услов следната сезона да ја помине на позајмица во својот сегашен тим. Аргентинскиот 21 годишен фудбалер важи за многу талентиран фудбалер, кој минатата сезона одигра одлично во редовите на Џенова со што го привлече вниманието на италијанските шампиони. По […]

Активист на Беса во полиција поради поставување навредливи знаци за ДУИ низ Тетово


Активистот на движењето Беса, Артан Етеми бил повикан во тетовската полиција на информативен разговор поради поставените знаци на неколку места во Тетово со навредлива содржина за ДУИ. Претпладнево МИА информираше дека за овој случај полицијата започнала истрага. Претседателот на Беса, Билал Касами по повикувањето на информативен разговор на активистот побара објаснување од тетовската полиција. Тој […]

Заев-Бернс: Северна Македонија останува стабилен стратешки парнер на САД


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска ја прими новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Бернс. Двајцата соговорници, како што соопшти владината прес-служба, се согласија дека Северна Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД, фокусиран на заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет во регионот, како и на заедничките […]

Атлетичарот Стојоски, финалист на ЕП под 23 години


 Јован Стојоски успеа да влезе во финалето на Европско првенство под 23 години. Со ваквиот подвиг, Стојоски влезе во историјата на Македонската атлетика како прв атлетичар кој успеал да стигне до финалето на едно вакво големо европско натпреварување. Имено, Стојоски кој е член на АК Охрид и синоќа на ова првенство се пласираше во полуфиналната […]

ПСЖ ја одби понудата на Барса за Нејмар


Францускиот шампион ПСЖ ја одбил понудата на Барселона да и понуди четири нејзини фудбалери во размена за Нејмар. Според „Билд“, управата на Барселона и понудила на тимот од Париз четири свои фудбалери Филип Кутињо, Оусман Дембеле, Самуел Умтити и Нелсен Семедо, од кои може да избере тројца како замена за Нејмар. Сепак, одговорот од Париз […]

Министерот за труд на САД си поднесе оставка


Министерот за труд на САД, Александар Акоста, објави денеска дека си поднесува оставка. Тој неговата одлука ја соопшти на прес-конференција во Белата куќа, додека до него стоеше претседателот Доналд Трамп, кој потврди дека тоа е одлука на Акоста. Акоста ја напушта функцијата поради случајот со милијардерот Џефри Епстин, кој во 2007 година беше обвинет за […]

Павлопулос не ги потпиша декретите за избор на претседател и обвинител на Врховниот суд


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос не ги потпиша претседателските декрети за избор на претседател и обвинители во Врховниот суд на Грција, избрани од претходната влада. Правната служба на претседателот на државата до Владата ги врати двата нацрт претседателски декрети. Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчки дипломатски извори коментираат дека од моментот кога декретите […]

Усеини: Oставете ме на мира, расправајте се со други дивоградби


„Ве молам оставете ме на мира, да не бидам безобразен. Расправајте се со други дивоградби“. Ова е коментарот на советникот од Општина Охрид, Нефи Усеини на прашањето на ТВ 24 зошто со свечена церемонија синоќа ја отвори пицеријата, која е дивоградба лоцирана кај Чинарот во Охрид, за која има и решение за рушење. Црвената лента […]

Халкидики e подготвен да пречека нови туристи


Грчкиот туризам издржа, изјави министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис по дводневната посетата на Халкидики и оцени дека поради невремето немаше масовни заминувања. Теохарис вчера и денеска, оствари средби со претставници на туристички организации и на големи тур оператори на Халкидики, ги посети повредените во болниците и рече дека веднаш ќе се започне со […]

Забрзување на економскиот раст очекуваат економски експерти анкетирани од Народната банка


Постепено забрзување на економскиот раст од 3,1 отсто годинава, 3,3 следната и 3,6 отсто во 2021 година очекуваат економските аналитичари учесници во најновата анкета на Нарордната банка спроведена во јуни, годинава. Испитаниците, како што стои во објавената Анкета,  ги поврзуваат ваквите очекувања со продолжување на поволните трендови од претходната и првиот квартал на оваа година, […]

Zaev: No deal yet with Mickoski over SPO, census and electoral code


There’s no agreement yet for a leaders’ meeting with VMRO-DPMNE leader Hristijan Mickoski to discuss three issues – the Special Public Prosecution, census and the Electoral Code, said Prime Minister Zoran Zaev. The Prime Minister said he expected a leaders’ meeting to be scheduled soon. “If the opposition and other stakeholders have other issues that […]

Aplikacionin “TVSH-ja ime”a e kanë shkarkuar 120.000 qytetarë, e kapshme edhe në Apple store


Aplikacioni “TVSH-ja ime” i Drejtorisë për të ardhura publike (DAP) është i kapshëm edhe në Apple store në linkun https://apps.apple.com/us/app/moj-ddv-ujp/id1472553785. Nga 1 korriku kur startoi masa e kthimit të 15 për qind të TVSH së llogaritur, aplikacionin e përdorin  120.000 qytetarë, kumtoi sot DAP. Përfundimisht me ditën e djeshme janë skenuar 1.964.811 llogari fiskale, është realizuar […]

Спроведена акција за заловување кучиња скитници во Македонска Каменица


Во Македонска Каменица спроведена акција за заловување кучиња скитници. Врз основа на договорот склучен со ветеринарна служба од Куманово, како што информираат од Општината, кучињата се заловуваа на неколку локации во градското подрчје, како и во неколку населени места. -Ветеринарната служба во рамки на акцијата успеа да ги залови затекнатите кучиња скитници, како во градот, […]