Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Без пријателите, и најсилниот човек станува несигурен, затоа повлекувањето во сопствената школка нема да ја зголеми самодовербата. На вашите сакани не им е јасно што се случува, и покрај тоа што сите работи ви се испланирани идеално: викенд- патувањето или домашниот буџет. Затоа направете напор и насмејте се малку, покажувајќи им сепак колку ги љубите.

БИК: Сега е време да се посветите на потребите на домот и да поработите на партнерските односи: кому што е потребно, за да дојдете до саканиот просперитет. Ова е период во кој успевате да ги продлабочите врските, особено ако работите заедно и тимски: малите клучеви отвораат големи врати, затоа бидете мудри и трпеливи. Успех.

БЛИЗНАЦИ: Доколку не го смените својот пристап, вашите планови нема да функционираат: силните изрази и грубите зборови ќе доведат до разделба, па потоа ќе се чудите како стигнавте до таква позиција. За да ги придвижите работите во своја полза, ќе треба радикално да се менувате, колку и да ви е тешко тоа. Намалете ги трошоците, бидејќи веќе сте ја минале границата.

РАК: Сè уште уживате во голема планетарна поддршка, која ги зголемува вашата среќа, љубов и финансии. Сепак, обрнете внимание на трошоците и на можноста за погрешни шпекулативни бизниси: сега е време да одморите, а не да преземате дополнителни одговорности. Ставете го своето здравје на прво место, па потоа другото. Без ексцеси.

ЛАВ: Сè тече и сè се менува, па така ова е период кога ќе се соочите со многу интересни влијанија: креативни и динамични, знаете добро да ги искористите позитивните шанси. Ова најмногу се однесува на интимната сфера и сега е време да се забавувате: заборавете на сериозноста и дозволете промени на работен план. Ја освежувате својата рутина.

ДЕВИЦА: Секое напредување во вистинската насока бара мала жртва. Затоа ако сакате цивилизирано да ги решите блокадите, ќе треба да останете трпеливи. Од сето ова ќе излезете како победник, иако сега не знаете како. Размислете добро и ако треба, направете радикални промени и нема да зажалите: по дождот секогаш изгрева сонце и тоа важи и за вас.

ВАГА: Работите доаѓаат во нормала и сега сте среќни и исполнети: можен е краткотраен пат или пикник, при што ќе се одморите и ќе направите планови за непосредната иднина. Воодушевени од таквиот развој, ќе преземете уште некоја одговорност и нема да зажалите: спокојни и непоколебливи, се стремите да направите добро за сите луѓе околу вас.

СКОРПИЈА: Сега разбирате како минатото се провлекува во сегашноста и може да се повтори и во најблиска иднина: сериозни и разумни, ќе знаете каде да пресечете праведно и во име на некоја повисока цел. Работите се менуваат и можеби се непредвидливи, па сепак нешто можете да предвидите и да бидете флексибилни. Силна поддршка од семејството.

СТРЕЛЕЦ: Не обидувајте се да направите преголем напор во која било област, бидејќи немате реална претстава за работите. Напротив, имате склоност да ги идеализирате и така да си предизвикате штета. Замислете како да сте на игранка и ги правите првите чекори лево и десно: бавно и пополека ќе ги постигнете саканата елеганција и луксуз.

ЈАРЕЦ: Најдете време да се одморите, бидејќи ризикувате да изгубите сè: вложениот напор ви носи награди, а тоа ви дава сила. Иако е мрачно, сепак постои надеж дека ќе успеете да ги решите личните проблеми ако отстапите еден чекор назад: сменете го курсот или одолговлекувајте со решенијата и ќе добиете добри вести. Минувате низ важни животни лекции.

ВОДОЛИЈА: Викендот започнува успешно: со пријателска поддршка и најголемите идеи може да се претворат во реалност. На прв поглед работите изгледаат нестабилно, но ако загребете по површината, ќе откриете дека сепак сè се одвива според планот. Ако се појави некоја тешкотија, решете ја веднаш и продолжете кон мирните мориња. Откријте нови таленти.

РИБИ: Не брзајте при комуникацијата, бидејќи ризикувате да се изразите погрешно: бројте до три и коригирајте се за да ги задоволите и двете страни. Ова најмногу се однесува на професионален план, кога откривате дека правите сè за да им угодите на другите: каде е вашиот внатрешен глас? Ако информациите ве збунуваат, почекајте два дена и сè ќе се врати во нормала.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]