Спроведена акција за заловување кучиња скитници во Македонска Каменица


Во Македонска Каменица спроведена акција за заловување кучиња скитници. Врз основа на договорот склучен со ветеринарна служба од Куманово, како што информираат од Општината, кучињата се заловуваа на неколку локации во градското подрчје, како и во неколку населени места.

-Ветеринарната служба во рамки на акцијата успеа да ги залови затекнатите кучиња скитници, како во градот, така и во дел од населените места. Истите во понатамошниот третман ќе бидат сместени во стандардизирано прифатилиште, а ќе следува и третирање со вакцинација и кастрација, соопштија од Општината.
Најавија дека до крајот на годината ќе следуваат уште неколку акции за заловување на кучиња скитници во градското подрачје и поголемите населени места во Македонска Каменица.
-Бидејки ќе следуваат уште вакви акции, ги замолуваме граѓаните да го пријавуваат присуството на кучиња скитници, за истите да бидат навремено третирани и со тоа да се одбегнат несакани последици по нивното здравје и безбедност, додадоа од општина Македонска Каменица.
Согласно предвидениот буџет, Општина Македонска Каменица за склучениот договор за заловување на кучиња скитници со Ветеринарно сточарскиот центар „Тодор Ангелов“ од Куманово, издвои 295 илјади денари.