Франција го зголеми извозот на оружје за 30 отсто во 2018 година


 Според годишниот извештај на Министерството за вооружените сили претставен денеска во Парламентот, францускиот извоз на оружје се зголеми за 30 отсто во 2018 година во споредба со 2017 година, за да достигне 9,1 милијарди евра, благодарение на Саудиска Арабија, јавува дописникот на МИА. – Тоа е „една од најдобрите бројки во последните 20 години. Тоа …

Франција го зголеми извозот на оружје за 30 отсто во 2018 година Read More »

Заев: Северна Македонија на листата на 20 најголеми достигнувања на ЕУ


Отворањето на преговорите за нашето пристапување во ЕУ е единствената гаранција за одржување на домашната стабилност и за одржување на реформскиот импулс во Северна Македонија, со позитивни ефекти за целиот регион на Западен Балкан, напиша вечерва премиерот Зоран Заев на својот официјален твитер профил. – Добивме и прецизни домашни задачи и ни беше речено: Испорачајте и …

Заев: Северна Македонија на листата на 20 најголеми достигнувања на ЕУ Read More »

Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин


Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во вредност од околу 49 милиони долари и уапси седум лица на бразилски рибарски брод на отворено море во близина на Португалија со поддршка на поголем број меѓународни агенции, соопштија денеска властите. – Полицијата на бродот пронашла 50 вреќи со кокаин наменет за пазарот во континентална Европа, …

Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин Read More »

Федерер против Надал во полуфиналето на „Ролан Гарос“


Роџер Федерер го елининираше Стен Вавринка во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ по успехот со 7:6 (4), 4:6, 7:6 (5), 6:4. Натпреварот меѓу Швајцарците требаше да биде прекинат околу час поради бура во Париз. Времето, сепак, дозволи да се доигра мечот, во кој Роџер успеа да го елиминира својот добар пријател. Ова беше натпревар бр.26 помеѓу …

Федерер против Надал во полуфиналето на „Ролан Гарос“ Read More »

Грабар-Китаровиќ: Да не дозволиме соседните држави да го креираат имиџот на Хрватска


Хрватска мора сама да го креира својот имиџ, бидејќи во спротивно тоа ќе го направат други, што не смее да се дозволи, порача денеска хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ. Таа истакна дека имиџот на државата е многу важно средство во конкурентската борба на меѓународната сцена. Грабар – Китаровиќ, обраќајќи се на конференција во организација …

Грабар-Китаровиќ: Да не дозволиме соседните држави да го креираат имиџот на Хрватска Read More »

Заев: Ние сме пример за европски манири


Ние освоивме шампионска титула во Европа, не во некој варварски регион и затоа сите треба да се однесуваме европски, рече премиерот Зоран Заев за време на денешната посета на Брисел, осврнувајќи се на синоќешните националистички скандирања на плоштадот во Скопје на прославата со ракометарите на РК „Вардар“ кои вторпат ја освоија титулата европски првак. Знам, додаде …

Заев: Ние сме пример за европски манири Read More »

Семејството на венецуелскиот политичар Лопез пристигна во Шпанија


Активистката за човекови права Лилијан Тинтори, сопруга на венецуелскиот опозициски политичар Леополд Лопез, денеска пристигна во Шпанија заедно со ќерката, изјави портпаролката на шпанската Влада. Тинтори одлучи да ја напушти амбасадата на Шпанија во венецуелската престолнина Каракас, каде што престојуваше како гостинка. Таа престојуваше во Шпанската амбасада од 30 април, заедно со Лопез, по пропаѓањето на …

Семејството на венецуелскиот политичар Лопез пристигна во Шпанија Read More »

Зеленски: Украина е подготвена на преговори со Русија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на својата прва посета на Брисел, изјави денеска дека Украина е подготвена на преговори со Русија и спроведување на договорот од Минск. – Руската агресија останува голем предизвик за евроатлантската безбедност, рече Зеленски. Тој додаде дека Украина ќе го …

Зеленски: Украина е подготвена на преговори со Русија Read More »

Македонија добила уверување од ЕК дека ќе има датум за преговори во јули


Одлуката за датум за старт на преговори најверојатно може да се очекува во текот на јули, порача попладнево претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, јави дописничката на МИА од Брисел. По безусловната препорака за старт на преговори дадена од Европската Комисија во своите редовни извештаи за земјите од Западниот Балкан на 29 јуни, земјите …

Македонија добила уверување од ЕК дека ќе има датум за преговори во јули Read More »

Манафорт ќе биде префрлен во озлогласениот њујоршки затвор Рајкерс Ајленд


Поранешниот раководител на изборниот штаб на Доналд Трамп, Пол Манафорт, кој лани беше осуден на седум и пол години затвор, ќе биде префрлен во озлогласениот затвор Рајкерс Ајленд во Њујорк, јави синоќа „Фокс Њуз“. Повикувајќи се на извор близок до Манафорт, телевизијата дознава дека одлуката за негово префрлање била донесена по молба на њујоршкиот окружен …

Манафорт ќе биде префрлен во озлогласениот њујоршки затвор Рајкерс Ајленд Read More »

Трамп и Меј едногласни: САД и Британија го имаат најдобриот сојуз на светот


Британската премиерка Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп, на заедничката прес-конференција по нивната денешна средба, изјавија дека двете земји имаат одлични односи кои треба да се надградуваат. Трамп истакна дека САД и Велика Британија го имаат „најдобриот сојуз што светот некогаш го видел“. Британската премиерка информира дека двајцата разговарале за новите предизвици за безбедноста, вредностите …

Трамп и Меј едногласни: САД и Британија го имаат најдобриот сојуз на светот Read More »

Новите правила на УЕФА стапуваат на сила на крајот од јуни


Новите правила на УЕФА ќе стапат на сила на 25-ти јуни или поточно од новата сезона. Ова значи дека финалето во Лигата на нациите оваа недела и европските квалификации нема да бидат засегнати од овој момент. Промените на правилата ќе бидат применувани во првиот круг на Лигата на шампионите и квалификациите за ЕП 2020 во …

Новите правила на УЕФА стапуваат на сила на крајот од јуни Read More »

САД одбележуваат сто години од правото на глас за американските жени


САД одбележуваат сто години од правото на глас за американските жени, јави дописникот на МИА од Вашингтон. За жените во САД, деветнаесеттата поправка од Уставот е придобивка за која тие се бореле со децении – правото на глас е добиено со прoтести, лобирање во Конгрест и со маршеви на Националната алеја во Вашингтон. На денешен …

САД одбележуваат сто години од правото на глас за американските жени Read More »

Надојдената река го однесе дрвениот мост во Дреновскиот манастир во Бугарија


  Дрвениот мост на Дреновскиот манастир во Бугарија е однесен од поројните дождови што го зафатија овој регион, пренесе Бгнес. Општината ќе побара помош од Меѓуседската комисија за катастрофи и несреќи за враќање на објектот на една од најпосетуваните туристички атракции во Дреново. Од општината објаснуваат дека поројните дождови придонеле нивото на реката да се …

Надојдената река го однесе дрвениот мост во Дреновскиот манастир во Бугарија Read More »

Забрана за фрлање на непродадените непрехранбени производи во Франција


Во борбата против расфрлањето, Франција ќе го забрани уништувањето на непродадената облека, електричните апарати и хигиенските производи за две до четири години, рече премиерот Едуард Филип. Како што пренесува дописникот на МИА, уништувањето на непродадените предмети (облека, апарати за домаќинство, хигиена или производи за убавина), симболи на расфрлање, ќе биде забрането во рок од две …

Забрана за фрлање на непродадените непрехранбени производи во Франција Read More »

Швеѓани држеле деца во изолација девет години


Извештаите за двојка која девет години во изолација ги држела децата, не им дозволувале да одат во училиште, ја шокираше Шведска, а се поставува и прашањето до локалната власт, зошто не се реагирало. Според серија написи во весникот Sydsvenskan, четири од петте деца на двојката сместени во домови минатиот август, откако локалните служби влегле во …

Швеѓани држеле деца во изолација девет години Read More »

Шест милиони денари за ракометарите на „Вардар“од Град Скопје


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и претседателката на Советот Љубица Јанчева денеска се сретнаа со ракометарите на РК „Вардар“ и на престедателот на клубот и на играчите им го врачија чекот од шест милиони денари. – Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК „Вардар“ затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација …

Шест милиони денари за ракометарите на „Вардар“од Град Скопје Read More »

Црногорците продаваат бродови: „Јадранка“ на Тито за 50.000 евра


  Црногоското Министерство за одбрана го повтори јавниот повик за продажба на пловни објекти откако владата одлучи да ги намали цените. Вредноста на јахтата „Јадранка“ сега е проценета на 50.000 евра, пишува „Побједа“. Понудените пловни објекти, бордски мотори и опремата се поевтини за 20 отсто. Владата на Црна Гора неодамна одлучи да ги намали цените …

Црногорците продаваат бродови: „Јадранка“ на Тито за 50.000 евра Read More »

Мицотакис: Нема соработка со СИРИЗА по изборите


Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис изјави дека нема намера да соработува ниту со владејачката левичарска партија СИРИЗА, ниту со ултрадесничарските партии по парламентарните избори закажани за 7 јули, пренесува агенцијата АНА-МПА. Во интервју за телевизијата АНТ1, Мицотакис рече дека не размислува за тоа каде ќе бидат премиерот Александар Ципрас и …

Мицотакис: Нема соработка со СИРИЗА по изборите Read More »