Семејството на венецуелскиот политичар Лопез пристигна во Шпанија


Активистката за човекови права Лилијан Тинтори, сопруга на венецуелскиот опозициски политичар Леополд Лопез, денеска пристигна во Шпанија заедно со ќерката, изјави портпаролката на шпанската Влада.

Тинтори одлучи да ја напушти амбасадата на Шпанија во венецуелската престолнина Каракас, каде што престојуваше како гостинка.

Таа престојуваше во Шпанската амбасада од 30 април, заедно со Лопез, по пропаѓањето на востанието против венецуелскиот претседател Николас Мадуро.