Црногорците продаваат бродови: „Јадранка“ на Тито за 50.000 евра


 

Црногоското Министерство за одбрана го повтори јавниот повик за продажба на пловни објекти откако владата одлучи да ги намали цените.

Вредноста на јахтата „Јадранка“ сега е проценета на 50.000 евра, пишува „Побједа“. Понудените пловни објекти, бордски мотори и опремата се поевтини за 20 отсто.

Владата на Црна Гора неодамна одлучи да ги намали цените на тие пловни објекти, затоа што од сѐ огласено продаден е само еден мотор и турбина M8G, а заинтересиран понудувач за купување пловни објекти, опрема и резервни делови како и опрема немаше.

Според новата понуда, цената на јахтата „Јадранка“, која за потребите на претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито е изградена во 1977 година во бродоградилиштето во Краљевица во Хрватска изнесува 50.000, место досегашните 80.000 евра пренесе  RTCG.
Јахтата не направена од најквалитетни материјали, од махагони до тиковина, со челични легури.
Има три салони за дневен престој на гостите, два апартмани и две помошни кабини за гости. Медиумите пресметаа дека Тито на неа престојувал 24 пати.
Освен таа јахта, се продаваат и помошен нафтоносач за 72.000 еврa, десантен брод  за 75.000 евра и помошен водоносач за 49.000 евра.