САД одбележуваат сто години од правото на глас за американските жени


САД одбележуваат сто години од правото на глас за американските жени, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

За жените во САД, деветнаесеттата поправка од Уставот е придобивка за која тие се бореле со децении – правото на глас е добиено со прoтести, лобирање во Конгрест и со маршеви на Националната алеја во Вашингтон.

На денешен ден пред 100 години во Конгресот е изгласана поправка на американскиот Устав која забранува негирање на правото на глас врз основа на полова припадност. Поттикот за поизразен активизам се случи речиси пет децении претходно, во 1870 година, со донесување на петнаесеттиот амандман со кој жените биле исклучени од правото на глас.

Кампањата за право на глас за жените во САД започна многу порано, уште пред почетокот на Граѓанската војна, во третата и четвртата деценија од 19 век.

Предлогот за измени во Уставот бил доставен до Претставничкиот дом во мај 1919 година, на 4 јуни истата година Сенатот го одобрил, додека ратификацијата од страна на сите сојузни држави завршила до 2020 година.

Кеј Коул Џемјс, претседателка на Фондацијата Херитиџ, назначена од претседателот Доналд Трамп да ја води Комисијата за комеморација на стогодишнината од правото на глас за жените во САД, изјави дека годинава се одбележува со многу настани.

– Како што секоја сојузна држава го ратификуваше амандманот, очекуваме секоја од државите индивидуално да предложи свечености по повод овој голем настан од нашата истирија, изјави таа за време на синоќешниот панел насловен „Чествување на 100 годишнината од женските суфражетки“.

Во Вашингтон, одбележувањето веќе започна со повеќе изложби за историјата на движењето на суфражетките во САД.

Така на пример, во Националната портретна галерија, беше отворена изложбата „Гласови за жените – портрет на истрајност“. Изложбата ги прикажува успесите на движењето со описи за тоа како сиромашните афро-американски суфражетки биле постојано поттиснати од страна нивните бели и богати колешки.

Во САД постои и Национална партија на жените (НВП), политичка организација основана во 1916 година од Алис Пол, една од лидерките на движењето. Седиштето на партијата првично било во дом во близина на американскот Конгрес, сега музеј каде е изложен оригиналниот текст на поправката на Уставот за еднакви права, напишана од Пол во 1923 година.

Таа сметала дека даденото правото на глас за жените е прв чекор во борбата за целосна еднаквост и во годините што следуваат партијата се бори против дискриминација на жените.

Интересно е тоа што Конгресот сѐ уште ја нема усвоено поправката на Уставот за еднакви права поднесена од Пол во 1923 година.