Прв театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“


Прилеп ќе биде домаќин на првиот театарски фестивал за деца „Силјан Штркот“, што ќе почне во петок и ќе трае до недела. Во рамки на фестивалските денови, најмладата публика ќе има можност да проследи четири детски претстави од Велес, Скопје и Битола, додека фестивалот е на иницијатива на здружението „Мал прилепски театар“ и поддржан од […]

(ВИДЕО) Изјави на Пендаровски, Заев, Џафери и Жбогар за Ивештајот на ЕК


Шефот на делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар попладнево им врачи Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2019 година на претседателот Стево Пендаровски, на претседателот на Собранието Талат Џафери, на премиерот Зоран Заев и на претставник на судската власт. По врачувањето на Извештајот, изјави за јавноста даваат претседателот Пендаровски, […]

Американската илузија за растот


ЏЕФРИ САКС  Националната политика во Соединетите Американски Држави стана поробена од макроекономски индикатори кои имаат мало влијание врз вистинската благосостојба. За многу коментатори, стапката на пораст од 3,2 отсто за првиот квартал од 2019 година, заедно со падот на стапката на невработеност на 3,6 отсто во април, значи дека економските политики на претседателот Доналд Трамп […]

Хан: Во јуни ќе се обидам да го одблокирам дијалогот Белград-Приштина


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан изјави денеска дека во јуни ќе се обиде да го одблокира дијалогот меѓу Белград и Приштина. – Веќе во јуни уште еднаш ќе се обидам да ја одблокирам таа ситуација, така што ќе комунициран со обете страни за евентуално нешто да подготвиме за јули, изјави Хан. Тој дополни дека […]

МЖ Транспорт доби нова електрична локомотива


МЖ Транспорт ад Скопје го обнови возниот парк со нова електрична локомотива од кинеската компанија ЦРРЦ.  За пуштање во сообраќај на локомотивата железничкото претпријатие доби решение од  Управата за сигурност во железничкиот сообраќај. – Локомотива е дел од четирите електрични локомотиви што ќе пристигнат во текот на оваа година од производителот ЦРРЦ – Кина, а […]

ЕК: Турција и натаму се оддалечува од Европската унија


Турција продолжува да се оддалечува од Европската унија, се посочува во денеска објавениот извештај на Европската комисија за земјите во процесот на придружување, со оценка дека во Турција дошло до влошување на условите во судовите, затворите и економијата. Во извештајот е наведено дека на Турција се уште се гледа како на близок сојузик на ЕУ […]

Апостолова: Визите за Косово да се укинат што поскоро


Шефицата на канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталија Апостолова се заложи денеска за што поскорешна визна либерализација за косовските граѓани. По објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Косово во приближувањето кон ЕУ, Апостолова изјави дека во него се нагласува оти сите критериуми се исполнети и Комисијата и Европскиот парламент препорачуваат визната […]

Сашо Коруновски реизбран за ректор на Битолскиот универзитет


Актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, е реизбран на таа функција. На денешните непосредни и тајни избори, членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците на Универзитетот му доверија нов, тригодишен мандат на Коруновски и предност наспроти неговиот противкандидат, професорот Тале Герамитчиоски. Како што е познато, актуелниот и новоизбран […]

Општина Карпош со финансиска поддршка за ученици, спортисти, културни друштва


Членовите во Советот на Општина Карпош на денешната 23-та седница ги одобрија одлуките за одобрување финансиски средства за летен одмор на ученици од семејства во потешка материјална состојба од општината, како и финансиски средства за награди за полуматуранти-првенци на генерација за заедничко патување од општинските основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа […]

EU Commission recommends opening of negotiations for Albania and North Macedonia


The European Commission has published today the annual enlargement package, which sets out the progress made by the countries aspiring EU membership. The European Enlargement Commissioner, Johannes Hahn said that the European Commission recommends the opening of accession talks for Albania and North Macedonia, while demanding these two countries to pursue with their efforts to […]

Петок и за време на викендот: Поројни дождови со град


Следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи претежно во попладневните часови. Особено поинтензивни процеси со локално невреме и појава на град се очекуваат во петок и за време на викендот. Поради северен ветер од петок дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, предупредуваат од УХМР. За утре се предвидува сончево и топло […]

Zhbogar: Vendi e shfrytëzoi shansin dhe mori rekomandim të pastër


Nga Brukseli sot morëm një jam shumë të mirë. Komisioni Evropian rekomandoi fillim të negociatave me Maqedoninë e veriut. Ju uroj për këtë dhe për përpjekjet dhe përkushtimin, por edhe për sakrificat që i keni bërë në periudhën e kaluar, tha euroambasadori Samuel Zhbogar në konferencën e sotme për shtyp në selinë e Delegacionit të […]

Заев: Автопатот Приштина – Скопје ќе ја забрза европеизацијата на регионот


Автопатот Приштина – Скопје ќе ја забрза динамиката на односите меѓу граѓаните и бизнисмените од повеќе земји од овој регион. Инфраструктурното поврзување во голема мерка ќе ја забрза севкупната европеизација на регионот, рече премиерот  Зоран Заев на денешната свеченост по повод завршувањето на изградбата на косовскиот дел од автопатот Приштина-Скопје.  На свеченоста кај Палденица крај […]

Анѓушев: Никој не може да ги негира фактите за генералната економска политика


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува  од Европската комисија да добиеме исклучително позитивен извештај во делот на економијата, со максимално добри оценки во генералната економска политика, иако, како што вели, има простор каде треба да се делува и да се надминат слабостите. – Не постои држава во која за економијата  може да се каже […]

Могерини: Северна Македонија и Албанија го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ


Северна Македонија и  Албанија ја искористија можноста и испорачаа реформи, го завршија својот дел од работата и сега е ред на ЕУ да го исполни својот, изјави високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини на заедничката прес-конферениција со еврокомесарот Јоханес Хан на која го  презентираа пакетот за проширување на ЕУ. Посочи […]

Вартоломеј отвора врати за статусот на МПЦ-ОА?


Вселенскиот патријарх Вартоломеј итро ја подотвора вратата за решавање на македонското црковно прашање. Вака верските аналитичари ги оценуваат последните, како што велат, охрабрувачки сигнали што Вартоломеј ги испраќа во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, каде што детално ја објаснува одлуката на Вселенската патријаршија да ѝ даде автокефалност на Украинската црква, блиските односи со Бугарската православна […]

„Македонски телеком“ ги предупреди корисниците за лажна наградна игра


„Македонски Телеком“ денеска ги предупреди своите корисници да не учествуваат во наградна игра за која им стигнуваат пораки на нивните телефони бидејќи се работи за лажна игра со која може да се злоупотребат нивните лични податоци. – Македонски Телеком ја информира јавноста дека дел од корисниците добиваат пораки за наградна игра од лажна веб страница или […]

Хан: Од клучно значење е формирање на влада во БиХ


Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан ги повика политичките лидери на Босна и Херцеговина да формираат влади на ниво на државата и во Федерацијата БиХ, додавајќи дека тоа е од суштинско значење. – Ова мора да се направи без какво било одлагање, бидејќи не можеме да препорачаме да одиме понатаму во насока кон членство […]

Средба за реализација на проектот за гасно поврзување со Грција


Реализцијата на проектот за гасна интерконекција со Република Грција беше тема на деншниот состанок во МЕР АД Скопје со претставници на Европската инвестициска банка, Energy Community, WBIF, консултантската куќа Connecta, Mинистерство за економија и Секретаријат за европски прашања. Како што информираат од МЕР на средбата присутните заемно се информираа за текот на реализација на обврските, […]

Лавров: Кризата во Косово се должи на попустливоста на Западот


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Љубљана изјави дека кризата во Косово е предизвикана од попустливоста на Запад кон властите во Приштина. Тој, по повод вчерашниот инцидент во северно Косово, во разговор со шефот на словенечката дипломатија Миро Церар, изјави дека кризата е предизвикана од тие кои сакаат на Балканот да изградат „санитарен кордон кон […]