Петок и за време на викендот: Поројни дождови со град


Фото: Б. Грданоски
Следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи претежно во попладневните часови. Особено поинтензивни процеси со локално невреме и појава на град се очекуваат во петок и за време на викендот. Поради северен ветер од петок дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање, предупредуваат од УХМР.
За утре се предвидува сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен
ветер од западен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.