(ГАЛЕРИЈА) Лени Кравиц по вторпат испиша историја во Македонија


Незапаметена пријателска атмосфера се случи вчера на концертот на Лени Кравиц во Скопје. ВИП-арената беше исполнета до последно место со публика од сите генерации. – Добровечер, како сте? Многу сме благодарни што сме со вас оваа вечер и ви благодариме на убавото добредојде. Се прошетав низ Скопје и најдов многу љубов во Македонија – се […]

Пациентите ќе ги добијат сите потребни здравствените услуги за време на посетата на Папата


Министерството за здравство информира дека за време на посетата на Папата Франциск, пациентите од целата држава непречено ќе ги добијат сите потребни здравствени интервенции и со посебен план на министерството, соодветно ќе се одговори на сите итни медицински потреби на граѓаните. Клиничкиот центар во Скопје, стои во денешното соопштение од Министерството за здравство, ќе биде […]

Заев се повлече од тело за украс


Премиерот Зоран Заев воопшто не присуствувал на последните неколку седници на Советот за имплементација на реформите во правосудството, а одлуката да се повлече не ја соопшти најверојатно случајно пред вториот круг на претседателските избори, за да покаже дека ги слушнал критиките за евентуално влијание на извршната врз судската власт. На неговото место официјално седна министерката […]

Северна Македонија 42-та земја што ќе ја посети папата Франциск


Северна Македонија ќе биде 42-ра земја што ќе ја посети папата Франциск од неговото устоличување како понтиф на Римокатоличката црква во 2013 година. Папата треба да пристигне во апостолска посета на земјава на 7 мај, а претходно ќе ја посети Бугарија. Папата досега имал 29 апостолски патувања надвор од Ватикан кои опфаќаат земји каде што […]

Промоција на поетската книга „Стан што се распаѓа“ од Биљана Стојановска


Промоција на книгата „Стан што се распаѓа“ од поетесата Биљана Стојановска ќе се одржи во клуб-ресторанот на МКЦ, на 6-ти мај (понеделник) со почеток во 20 часот. Промотор е Јане Чаловски, Претседател на Управниот одбор на Галикул. Стихови ќе читаат: Ѓоко Здравески, Ана Голејшка Џикова, Владимир Мартиновски и Николина Андова Шопова. Музички настап ќе има […]

Скопски маратон: Турние победник кај мажите, Мухири најбрза кај дамите


Чалаче Тируне (Етиопија) е победникот на 15. јубилен „Визер скопски маратон“. Тој истрча со време од 2:15.37 часа, а зад него завршија Вилфред Корир од Кенија и неговиот сонародник Гатаје Гелав. Најдобропласиран Македонец беше Александар Кираџиев, кој заврши на шестото место. Во женска конкуренција Јунис Мухири (Кенија) со време 2:33.38 часа постави рекорд на маратонот, […]

Митра од Рајчица тијара на папата Франциск


Папата Франциск кој на 7 мај доаѓа во апостолска посета на Северна Македонија, е сопственик на уникатна митра изработена специјално за него од монахињите во манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица. Митрата на папата Франциск му беше подарена од македонската државно-црковна делегација која во 2016 година беше на аудиенција во Ватикан по повод чествувањето на […]

Повеќе пријавени за гласање дома во вториот круг во Тетово


Во вториот изборен круг на претседателските избори во рамки на општинската изборна комисија Тетово денес како болни и изнемоштени граѓани во домашни услови гласаат 15 лица или еден повеќе од првиот круг кога имаше 14. Повеќе граѓани кои гласаат во домашни услови има и во општина Јегуновце. – Во нашата изборна комисија по првиот круг […]

Граѓани најавија тужби за агенциите „Одмори се“ и „Одмори“


Ново сведоштво за измамени туристи преку агенциите „Одмори се“ и „Одмори“ стигнаа до редакцијата на „Независен весник“. Станува збор за две девојки кои уплатиле аранжман за Минхен, Германија, кој требало да се реализира од 23 до 26 март годинава. Во истиот период, „Независен весник“ објавуваше серија текстови поврзани со овие агенции чии сопственици се братот […]

Скопски маратон низ фотографии


Годинешниот „Визер скопски маратон“ се одржа денеска по 15ти јубилеен пат.Имаше рекордна бројка од 12.500 учесници, од кои поголемиот дел во трката на 5 километри.Меѓу учесниците имаше новинарски екипи меѓу кои и деветмина од редакцијата на „Независен весник“.На трката учествуваше и италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео. Меѓу натпреварувачите трчање и директорот на Фондот за […]

Авион се лизна од пистата и падна во река


Чартер авион со 143 патници, кој патувал од Куба до северна Флорида, денеска се лизна од пистата и заврши во реката Сент Џон. Во инцидентот нема загинати и повредени, соопштија локалните власти. – Авионот „Боинг 737“, кој со 136 патници и седум членови на екипажот, пристигна во морнаричката авио-база Џексонвил од морнаричката база Гвантанамо во […]

Земјотрес почувствуван во Скопје


Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 05 часот и 58 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението […]

Бесплатна телефонска линија кај омудсманот за пријавување повреда на избирачко право


Во канцеларијата на Народниoт правобранител утре, на денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени […]

Фото: Скопје се разубавува за папата


На скопскиот аеродром сè уште нема никаков знак што ќе потсети дека таму во вторник наутро ќе слета, а потоа и ќе има литургија папата Франциск. Затоа, пак, само стотина метри понатаму, односно на вклучувањето на автопатот кон Скопје, исклучително работна атмосфера. Работници ја косат тревата покрај патот и на средишната ограда, а вработените од […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ова е период со прекрасни изненадувања пријатели: отворете се за промените и убавите резултати како последица од тоа. Доаѓате до емоционално исполнување и романса, разбирајќи дека сите одговори лежат во вас: погледнете се во огледалото подобро. Што ви вели тоа? На работен план не брзајте и развивајте ги оригиналните идеи. БИК: Една фаза завршува […]

Одлучувачки круг за избор на петтиот претседател


Вкупно 1.808.131 избирач ќе одлучат в недела дали ќе биде избран петтиот претседател на државата и кој би ја заземал формално највисоката функција во хиерархијата на власта. Вториот изборен круг е одлучувачки и доколку нема поголеми прегласувања за две седмици, тогаш уште в недела навечер ќе се знае кој е новиот станар на Водно. Вториот […]

Триесет и девет години од смртта на Јосип Броз Тито


На денешен ден пред 39 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 […]

Сто и шеснаесет години од загинувањето на Гоце Делчев


Делегации на Владата и Собранието и претставници од здруженија на граѓани, општини и институции денеска од 10 часот ќе положат цвеќе на гробот на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со што ќе бидат одбележени 116 години од неговото загинување. Владината делегација ќе ја предводи вицепремиерот […]

Изборите ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи


Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК. Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој […]

Спорот со Ливерпул не е решен, смета Валверде


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде смета дека неговиот тим не е сигурен финалист во Лигата на шампионите. Во средата, „блаугранас“ го победи Ливерпул со 3:0 во првиот натпревар и има солидна предност пред реваншот во Англија во вторник. – Имаме добро водство, но спорот не е решен. Видовме на што е способен ривалот, изјави тренерот […]