БиХ поради „селфи“ праќа протесна нота до Хрватска


Претседателството на БиХ одлучи да упати протесна нота до Хрватска во врска со шпионската афера „селфи“, која дел од медиумите од регионот на Западен Балкан и босанскиот министер за безбедност Драган Мектиќ ја поврзаа со хрватската Безбедносно разузнавачка служба – СОА. Аферата „селфи“ е поттикната од тврдењата дека агенти на СОА се обиделе да регрутираат […]

Комплексот „Козјак“ го загрозува стратегискиот извор на вода за Скопје


Стручната јавност бара итно да се запре градењето во „Јасен“, во месноста Рудина, зашто се загрозуваат стратегиските интереси на државата. Пред сè, снабдувањето со пивка вода на градот Скопје, во случај да се јават проблеми со изворот Рашче. Во средата била одржана средба на која покрај претставници на УНДП, присуствувале професори и претставници од министерства […]

Свечено откриен споменикот на Александар Велики во центарот на Атина


Во грчкиот главен град утрово свечено беше откриен споменикот на Александар Велики, во поинакво младо издание, а не како војник, откако 26 години беше „заглавен” во грчката бирократија, јави дописничката на МИА од Атина. На свеченоста меѓу другите присуствуваа градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис, поранешниот грчки министер за култура и некогашен лидер на ПАСОК, Евангелос […]

Велики петок, 26 април, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Силјановска ја засили љубовта кон Албанците


Како што се приближува неделното гласање во првиот круг од претседателските избори, така сè поочигледно претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ја засилува реториката со која се обидува да се приближи до албанскиот електорат и на тој начин да го направи (не)возможното – да го санира јазот кон овој етникум што го создаде партијата што […]

Дачиќ: Двоен суверенитет на Косово е неприфатливо решение за Србија


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ ја оцени како шпекулација идејата за двоен суверенитет како решение за косовскиот проблем, додавајќи дека такво нешто официјално не е предложена, но и дека тоа е неприфатливо за Србија. Дачиќ за РТС изјави дека двоен суверенитет значи дека на северно Косово по 10 години ќе може да се […]

Вучиќ во Белград организира голем митинг


Во Белград денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи завршниот митинг на српскиот претседател Александар Вучиќ во рамки на неговата кампања „Иднината на Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, покрај Вучиќ, на митингот ќе говорат и претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, српскиот министер […]

Од денес вакцинација против морбили во сите училишта


Поради прогласувањето епидемија на морбили на територија на цела држава, од денеска ќе почне теренска вакцинација на учениците во сите средни и основни училишта, најави министерот за образование и наука Арбер Адеми. Очекува дека оваа теренска вакцинација ќе биде успешна, ќе даде резултат и ситуација со морбилите ќе се надмине. Подвлече дека министерствата за здравство […]

Përfundon fushata, nga mesnata heshtje para zgjedhjeve të së dielës


Në mesnatë  përfundon fushata njëzetditore dhe fillon heshtja para zgjedhjeve presidenciale që do të mbahen të dielën dhe zgjedhjeve lokale të parakohshme që do të mbahen po të dielën në komunat e Ohrit, Dibrës dhe Novo Sellës dhe fillon heshtja zgjedhore. Dy prej tre kandidatëve për president e përfundojnë fushatën zgjedhore me takime me qytetarët […]

Познати полуфиналистите во Лига Европа


Во второто по квалитет континентално фудбалско натпреварување Лига Европа, познати се четирите екипи кои изборија учество во полуфиналната фаза. За трофејот останаа да се борат: Арсенал и Челзи од Англија, Валенсија од Шпанија и Ајнтрахт Франкфурт од Германија. Резултати на реваншите од четвртфиналето одиграни синоќа: Челзи – Славија Прага 4:3 (1:0 прв натпревар) Ајнтрахт Франкфурт […]

Владата на Либија издаде потерница по генерал Хафтар


Либиската Влада на национално единство издаде потерница по генерал Калифа Хафтар и шестмина негови офицери, обвинувајќи го дека наредил смртоносни воздушни напади врз цивилно население. Пред две недели Хафтар и неговите сили презедоа офанзива Триполи, каде е седиштето на меѓународно признаената либиска Влада предводена од Фајез ел Сараџ. Светска здравствена организација соопшти дека во ескалацијата […]

Повик на насилство врз новинарите на БИРН Србија


Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за медиуми Арлем Дезир синоќа изјави дека е шокиран од објавената видео-снимка на интернет, која е „отворен повик на насилство врз новинарите на БИРН Србија и Слободан Георгиев“. – Шокиран сум од видеото што е поставена на интернет и претставува отворен повик против новинарите на […]

Премиерот и Владата на Мали поднесоа оставка поради масакр на 160 луѓе


Премиерот на Мали, Симајла Бобибај и сите членови на Владата вчера поднесоа оставки, четири недели откако напаѓачите убија 160 сточари, припадници на етничката група Фула. Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кејта ги прифати нивните оставки. За убиството на 160 сточари, што се случи на 23 март, осомничени се ловџии, припадници на етничката група Догон, која […]

Светска банка ја одобри новата четиригодишна рамка за партнерство со Северна Македонија


Бордот на извршни директори на Групацијата Светска банка ја одобри денеска четиригодишната рамка за партнерство која има за цел поддршка за побрз, сеопфатен и одржлив раст во Република Северна Македониjа. Како што најави министерот за финансии претходно со ова на земјава и се ставаат на располагање 420 милиони долари. Стратегијата, како што стои во соопштението […]

Ахмети: ЗА ДУИ е прифатливо претседателот да се избира во Собранието


Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека за нив е прифатливо претседателот на државата да се избира и во Собранието, доколку не биде обезбеден потребниот цензус на претстојните претседателски избори. – Ние оваа тема ја потегнавме пред 10 години. Тогаш немавме поддршка од нашите меѓународни пријатели, но сега изгледа дека е оправдано да се мисли […]

Француските пилоти се закануваат со штарјк


Водечкиот синдикат на пилоти во Франција (СНПЛ) ја предупреди Владата дека ќе организира штрајк од 6 до 11 мај, ако новиот закон ги намали нивните овластувања во преговорите. Синдикатот стравува дека новиот закон за сообраќај, за кој расправа Парламентот, би можел да ги стави во истата група со другите синдикати од секторот во преговорите со […]

Ајде на избори, сè е подготвено


Државната изборна комисија е подготвена да ги спроведе претседателските избори, чиј прв круг е закажан за в недела. Гласачкиот материјал што го изработи битолската печатница „Киро Дандаро“ пристигна во Скопје, од каде што ќе биде распореден низ 80 општински изборни комисии низ земјава. „Сè се одвива беспрекорно и сметам дека в недела ќе нема никакви […]

Концерт на дуото Дарбеле – Камакаро на 42. Денови на македонска музика


Дуото Ноел-Ан Дарбеле (виолина, глас) и Рене Камакаро (виолончело) вечер ќе одржи концерт во Даут-пашиниот амам, во рамки на 42. Денови на македонска музика. На програмата се дела од авторите Жан-Лик Дарбеле, Хајнц Холигер, Жорж Апергис, Алфред Цимерлин, и од македонските автори Бојана Петровиќ – Алексова, Михаило Трандафиловски. Светска премиера ќе доживее и композицијата „Седум […]

Завршува кампањата, од полноќ молк пред неделните избори


На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк. Двајца од тројцата кандидати за претседател ја завршуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи, додека кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со […]

ФСБ: Тероризмот се уште е закана, ќелиите се преселуваат во Европа


Шефот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников предупреди дека меѓународни терористички ќелии се преместуваат од Блискиот Исток кон Европа, Централна и Југоисточна Азија. – И покрај претрпените порази, меѓународните терористички организации претставуваат закана за повеќето земји во светот, истакна Бортников на конференцијата за борба против меѓународниот тероризам во Санкт Петербург. Бортников истакна […]