Велики петок, 26 април, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.