Познати полуфиналистите во Лига Европа

Во второто по квалитет континентално фудбалско натпреварување Лига Европа, познати се четирите екипи кои изборија учество во полуфиналната фаза. За трофејот останаа да се борат: Арсенал и Челзи од Англија, Валенсија од Шпанија и Ајнтрахт Франкфурт од Германија.

Резултати на реваншите од четвртфиналето одиграни синоќа:

Челзи – Славија Прага 4:3 (1:0 прв натпревар)
Ајнтрахт Франкфурт – Бенфика 2:0 (2:4)
Наполи – Арсенал 0:1 (0:2)
Валенсија – Виљареал 2:0 (3:1).

Во полуфиналето ќе играат:

Ајнтрахт – Челзи и
Арсенал – Валенсија.