Руски дипломат протеран од Стокхолм поради шпионажа


Шведското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор Виктор Татаринцев и побара еден од службениците во Амбасадата да ја напушти државата, објави шведскиот весник „Дагенс нјухетер“. – Можам да потврдам дека го повикавме амбасадорот во врска со активностите на еден дипломат, изјави Патрик Нилсон, портпарол на шведското МНР. Според весникот, се работи за руски […]

ОЈО Скопје ќе презентира информации за автобуската несреќа кај село Ласкарци


Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев денеска на прес-конференција ќе презентира информации за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај село Ласкарци. Во автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, загинаа 15 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот […]

Horoskopi për nesër, e enjte 14 Mars 2019


Dashi Për të lindurit e kësaj shenje do të ketë një përmirësim të ndjeshëm në raport me ditët e kaluara. Por duhet të bëni kujdes, pasi disa situata mund të rezultojnë tejet të komplikuara. Tregoni më shumë kujdes me fjalët që do të thoni, pasi ndonëse mund të keni të drejtë, mënyra e të shprehurit […]

Чешкиот министер за надворешни работи Петжичек денеска во Скопје


Министерот за надворешни работи на Република Чешка, Томаш Петжичек денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија на покана на неговиот македонски колега Никола Димитров. Како што соопшти МНР, на агендата на разговорите на двајцата министри, покрај прашањата за актуелната состојба и перспективите за натамошен развој на севкупните билатерални односи, ќе се најдат […]

Цел живот во стендап шоу: Весна Бејби ја разголи душата на сцена


Не се штедеше себе си, ниту семејството, колегите и пријателите. Во еден час и половина, синоќа, низ смеа и солзи го раскажа целиот свој живот, или најважните епизоди од детството, младоста, мажачката, несреќите, па сѐ до последниот инцидент кога и падна колата во Вардар. Преполната сала на МНТ , со обична и вип публика, не […]

Облачно, со врнежи од дожд


Под влијание на нов и релативно влажен бран денеска ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат нешто повеќе застапени во југозападните и источните делови на земјава. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 2, Охрид 6, Прилеп 7, Кавадарци […]

Ексклузивна изложба: „100 години Требениште“


Ексклузивната изложба „100 години Требениште“, по повод еден век од истражувањата на овој локалитет кај Охрид, Археолошкиот музеј на Македонија ќе ја отвори денеска и ќе трае до крајот на август. Во рамките на изложбата ќе бидат претставени златните маски од 6 век пр. н. е. најдени во некрополата кај охридско Требениште, а за оваа […]

Стејт департмент: Северна Македонија бележи прогрес во медиумите и судството


САД- Во Република Северна Македонија има напредок во медиумите и судството, но останува да се решат уште низа важни проблеми како корупцијата, се наведува во најновиот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент. Владата на Северна Македонија во 2018 година презела активности да истражи, обвини и казни полициски официјални лица кои направиле злоупотреби додека властите […]

Додека се чека нов, ќе се менува стариот Закон за култура


Министерот за култура Асаф Адеми, националниот координатор за култура и поранешен министер за култура Роберт Алаѓозовски, посебната советничка за култура на премиерот Цветанка Ласкова, како и претставници на невладиниот сектор од областа на културата вчера расправаа за Годишната програма на министерството за култура на седница на собраниската Комисијата за култура. Адеми во своето обраќање рече […]

Дали Чавков планирал да бега?


Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков три дена пред да ја слушне пресудата за крвавиот четврток, исто како и неговиот поранешен шеф Сашо Мијалков, е вратен во затворот во Шутка откако обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара, а судот му одреди триесетдневен притвор. Прашањето што се наметна во јавноста по […]

МАНУ ќе остане МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите согласно Преспанскиот договор ќе го промени име, но ќе си ја задржи досегашната кратенка. – МАНУ ќе ја задржи кратенката, долгото име не може да биде како што било. Кратенката останува, а академиците ќе го утврдат долгото име на институцијата – изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Премиерот Зоран Заев […]

Продолжуваат судењата за „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН:  Од вас се бара приспособување: Месечината во опозиција со Јупитер ве повикува да го смените мислењето и да направите нови комбинации, пред да започне реконструкцијата. Нешто од минатото повторно се провлекува низ животот и ова е одличен тајминг да му ставите крај на тоа. Така ќе успеете да започнете од ново. Ослободете се себеси. БИК: Необичниот […]

(ВИДЕО) Ливерпул го урна Баерн среде Минхен, Барселона го демолираше Лион


Екипата на Ливерпул забележа убедлива победа на гостувањето на Баерн во Минхен со 3:1 и по ремито без голови во првиот натпревар на „Енфилд Роуд“ се пласираше во осминафиналето од Лигата на шампионите, а таму друштво ќе и прави и Барселона која не дозволи ново изненадување во најелитното клупско фудбалско натпреварување на Стариот континент и […]

Катица Јанева со апел до Собранието за новиот закон за јавно обвинителство


Специјалната обвинителка Катица Јанева апелира пратениците во Собранието да го препознаат моментот и да гласаат за донесување на новиот закон за јавно обвинителство бидејќи, како што посочи, тој е важен предуслов за влез во ЕУ и НАТО. Смета дека законот е добар, иако, според неа, никогаш закон не може да биде идеален, но најважно е, […]

Мицкоски по средбата со Коалицијата: Ќе победиме убедливо на претседателските избори


Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од најголемата опозициска и најголемата политичка партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја дава поддршката и комплетно застанува позади претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова, соопшти вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по одржувањето на средбата со коалициските партнери. -Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација која што ја добиваме […]

САД планира тестирање на ракети кои се забранети 30 години


САД планираат во август да извршат прво тестирање на тип крстосувачки ракети, кои пред 30 години се забранети со Договорот за нуклеарни сили со среден дострел, тврдат неименувани претставници на американската одбрана. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец го суспендира своето членство во Договорот, што од правен аспект дава простор да се почне […]

Скандал: Богати Американци давале поткуп за прием на нивните деца во престижен колеџ


Богати и славни личности во САД, вклучувајќи актери, адвокати, бизнисмени и лекари, давале поткуп и правеле махинации со сомнителни агенции за упис на нивните деца на прстижни факултети, како што се Корнел, Јејл и МИТ. Според истрагата на Федералното биро за истраги (ФБИ), објавена синоќа во Бостон, Масачусетс, Окружниот суд обвини вкупно 50 лица. Осумнаесет […]

(ВИДЕО) Трамп донесе конечна одлука: Новите авиони на Боинг нема да летаат во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп пресече и донесе одлука да ги приземји сите авиони од типот Боинг 737 Макс. Првиот човек на САД изјави дека е загрижен за безбедноста на патниците по фаталната несреќа која се случи со авионот на „Етиопијан ерлајнс“. Американскиот претседател изјави дека Сојузната управа за цивилно воздухопловство ќе ги приземјат сите модели […]

Нови проблеми за Меј: Британскиот парламент одби излегување од ЕУ без договор


Членовите на британскиот парламент на денешното гласање одбија излегување од Европската Унија без било каков претходен договор. Исходот на гласањето беше тесен, односно 312 наспроти 308. Ваквиот исход беше очекуван, а воедно значи дека членовите на парламентот сега ќе гласаат за одложување на Брегзитот. Гласањето за одложувањето на Брегзит ќе се одржи утре. Велика Британија […]