Робот-новинарство се повеќе популарно во редакциите


Бот наречен Тоби генерираше речиси 40.000 новински написи за резултатите од швајцарските избори во ноември 2018 година за медиумскиот гигант Тамедија за само пет минути. Видови вештачка интелигенција, како што се ботови (софтверски роботи), се достапни скоро десет години и се повеќе се користат во новинските куќи за пишување статии, персонализирана испорака на вести и […]

Главниот обвинител на Њујорк бара казна за Трамп од 5,6 милиони долари


Главниот обвинител на државата Њујорк, Летиша Џејмс, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде казнет со 5,6 милиони долари. Нејзиниот мотив е дека Трамп ја искористил својата хуманитарна фондација за поддршка на неговата изборна кампања. -Трамп ја навел фондацијата постојано да влегува во трансакции кои се само-тргувани и да ги координираат незаконско со […]

Тамара за „Независен“: Го живеам врвот на својот живот


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска (33) е актуелна како македонски претставник на „Евросонг“ кој се одржува од 14 до 18 мај во Тел Авив, Израел. Евровизиската „Горда“ (Proud) стана омилена во македонската јавност, но и спотот, пак со ќерка ѝ Хана, во кој гостуваат повеќе силни жени, нејзини пријателки и соработнички, исто така, собира само позитивни коментари. […]

Хан: Популистите никогаш ништо не направиле


Европскиот комесар за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, ги повика граѓаните на земјите-членки на ЕУ да размислуваат „европски” на изборите за Европскиот парламент и оцени дека популистите никогаш досега не направиле ништо добро. -Не ми е познато дека некое популистичко движење некогаш донело нешто (добро). Во најдобар случај, ништо не се случува и, како […]

„Независен весник“ за аерозагадувањето: Нема жител на Аеродром задоволен од мерките за чист воздух


Скопјани сметаат дека најголемиот проблем со кој се соочуваат во моментов – повеќе од урбанизацијата, од уништувањето на зеленилото и од јавниот сообраќај – е загадувањето. Дури 72 отсто од испитаните во анкетата, која специјално за „Независен весник“ ја спроведе истражувачката агенција „Брима галуп“, на прашањето кои се најважните проблеми со кои се соочува градот, […]

Хистерија пред судницата: Луѓето со нож го нападнаа Тарант


Австралиецот Брентон Тарант(28), кој во петокот изврши терористички напад врз две џамии во новозеландскиот град Крајстчрч и уби 49, а рани 40 муслимански верници, е изведен пред суд. Судењето е затворено за јавност, само акредитирани новинари имаат пристап. И покрај тоа огромен број луѓе се собраа пред судницата. Дел од нив извикуваа дека обвинетиот треба […]

ДИК: 53.972 граѓани извршиле увид во избирачкиот список


Во четвртокот до полноќ траеше увидот во избирачкиот список, по повод претседателските избори, и предвремените избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар. Проверка на избирачкиот список извршиле 53.972 граѓани, а за 517 е донесено решение за запишување во Избирачкиот список, а за 412 е донесено решение за бришење. Промена на податоците на Списокот […]

Над 200 години затвор за упадот во Собранието


По речиси седум месеци од почетокот на судскиот процес за крвавиот упад во Собранието, 16 обвинети вчера беа осудени на вкупно 211 години затвор. На сите нив судот синоќа им одреди притвор или им ја продолжи оваа мерка до правосилноста на пресудата. Осудените оставија впечаток дека високите затворски казни ги очекувале и не ги изненадиле, […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Ќе треба да го надминете мрачното расположение со генијалност: планетите во Риби ви покажуваат дека не сте креатор, туку креација, затоа најдете луѓе со слични афинитети и расположете се. Саканите ви упатуваат топли зборови, полни со нежност и се многу љубезни. Така ја реставрирате самодовербата и доаѓате до награди. Прогрес. БИК: Поддршка од зрел лидер кој […]

Трамп го стави првото вето


Американскиот претседател Доналд Трамп го стави првото вето по неговото стапување на функцијата во Белата куќа. Трамп ја отфрли одлуката на Конгресот со цел да обезбеди средства за изградба на ѕид долж границата со Мексико. – Имам обврска да ставам вето на таа одлука, истакна американскиот претседател од Овалниот кабинет. Сенаторите вчера, меѓу кои и […]

Мерко: Ауди А6 од 70.000 евра не е луксузен автомобил


Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во нова лимузина „Ауди А6“ вредна 67.000 евра, пренесува 24 вести. Општинaта на крајот од ноември лани покрај за градоначалникот, се подновила и со три други автомобили за кои вкупно платила 114.000 евра. Но, за Мерко аудито од речиси 70.000 евра не било луксузен автомобил, бидејќи обични граѓани […]

Анкета: Се повеќе католици во САД размислуваат за напуштање на црквата


Повеќе од една третина од американските католици поради педофилската криза во Католичката црква размислуваат да ја напуштат црквата, што е многу поголем број од тој во текот на последниот скандал, покажува најновото истражување на Галуп. Според анкетата дури 37 отсто од американските католици одговориле дека не сакаат да бидат дел од Католичката црква, што е […]

Рама: Владата не можат да ја урнат насилни акти, таа останува до завршување на мандатот


Пред утрешниот протест на албанската обединета опозиција, кој ќе се одржи пред Владата, премиерот Еди Рама порача дека „Влада не паѓа со насилни акти, и оти тоа е на штета на имиџот на земјата, економијата и џебот на граѓаните“. -Оваа работа нема никаква шанса да заврши со допир на ниту еден прамен од косата на […]

Paraburgim për të gjithë 16 të dënaurit për ngjarjet e 27 prillit


Trupi gjykues i udhëhequr nga gjykatësja Dobrilla Kacarska e ka pranuar kërkesën e Prokurorisë për sigurimin e paraburgimit ndaj të akuzuarve në ngjarjet e 27 prillit në Kuvend të cilët sot u dënuan me 211 vite burg. Të akuzuarit me përjashtim të disave, para kësaj kërkuan të lirohen nga paraburgimi deri në aktvendimin e plotfuqishëm. […]

Кабинет на претседателот: Иванов чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе


По најавата дека Државната комисија за спречување корупција ќе поведе постапка за проверка на имотната состојба на претседателот Ѓорге Иванов, се огласи неговиот кабинет, поздравувајќи ја преземената постапка. „Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов […]

Притвор за сите 16 осудени за настаните од 27 април


Судот го продолжи притворот на Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски и Влатко Трајковски, а одреди мерка притвор и за останатите осудени во настаните од 27 април во Собрнието до правосилност на пресудата. Шеснаесет од седумнаесетте обвинети во настаните од 27 април во Собранието денеска добија вкупно затворска казна од 211 години, додека […]

Фабио Канаваро нов селектор на фудбалската репрезентација на Кина


Фабио Канаваро е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Кина. Се уште не е јасно дали поранешниот дефанзивец на Јувентус ќе биде на чело на репрезентацијата за постојано или ќе извршува привремени должности. Дебито на Канаваро како селектор на Кина ќе биде против Тајланд на 21 март. Доколку победат репрезентацијата на Кина ќе се соочи […]

Гвардиола: Шансите против Тотенхем се 50-50


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја коментираше жрепката за четвртфиналето во Лигата на шампионите укажувајќи дека шансите се подеднакви за нив и за противникот – Тотенхем -Задоволство е што сме во 1/4-финалето од тој турнир. Се познаваме едни со други многу добро со Тотенхем. Имаме голема почит кон тој тим. Шансите се 50 спрема […]

Хоџај: Белград го уби Оливер Ивановиќ по налог на Вучиќ


Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изјави денеска дека е јасно оти зад минатогодишното убиство на политичарот Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби, стојат властите во Белград, а нарачател е претседателот на Србија Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Реакцијата на Хоџај е одговор на изјавата на директорот на Канцеларијата за Косово во […]

Сообраќајна недисциплина во гостиварско, над 100 возачи исклучени од сообраќај


 На поширокото гостиварско подрачје, во февруари година вкупно се регистрирани  670 различни видови сообраќајни прекршоци. Според СВР Тетово, во овој период од сообраќај се исклучени 76 возила, најмногу (42) со истечена регистрација до и над 30 дена, 32 технички неисправни и 2 со несреден товар. Заради направените прекршоци, минатиот исто така, исклучени се и 112 […]