Кабинет на претседателот: Иванов чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе


По најавата дека Државната комисија за спречување корупција ќе поведе постапка за проверка на имотната состојба на претседателот Ѓорге Иванов, се огласи неговиот кабинет, поздравувајќи ја преземената постапка.

„Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, изразува благодарност што Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поведе постапка за проверка на неговата имотна состојба. Претседателот Иванов порачува дека чесен влезе во политиката и чесен ќе излезе на крајот од неговиот втор мандат. Ја охрабруваме Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по овој случај. Но, исто така, ја охрабруваме Комисијата на ист начин да постапи и со сите други носители на државни и јавни функции во Република Македонија,  онака како што постапува во случајот со претседателот Иванов“, велат од кабинетот на Иванов.