Сообраќајна недисциплина во гостиварско, над 100 возачи исклучени од сообраќај


 На поширокото гостиварско подрачје, во февруари година вкупно се регистрирани  670 различни видови сообраќајни прекршоци.
Според СВР Тетово, во овој период од сообраќај се исклучени 76 возила, најмногу (42) со истечена регистрација до и над 30 дена, 32 технички неисправни и 2 со несреден товар.
Заради направените прекршоци, минатиот исто така, исклучени се и 112 возачи, од кои 81 без возачка дозвола, седум  кои управувале под дејство на алкохол, 23 возачи-почетници и еден со несоодветна категорија.
– Откриените прекршоци се санкционирани со законски предвидените санкции, односно соодветни поднесоци и парични глоби, вели Марјан Јосифовски, портпаролот на СВР Тетово.
Минатиот месец се регистрирани 10 собраќајни несреќи што споредно со лани е  за двојно помалку. Во нив, нема загинати и тешко повредени, додека пет лица добиле телесни повреди (двајца возачи, исто толку сопатници и еден пешак). Најголемиот број од несреќите, осум, регистрирани се во населено место, а најчести причини се неправилно вршење дејствие, недржење растојание, неприлагодена брзина според условите на патот и неправилно престигнување.