Харадинај ја разреши заменик министерката која интервенцијата на НАТО ја нарече „геноцид врз Србите“


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја разреши денеска заменик министерката за правда Весна Микиќ, која вчера, на 20-годишнината од почетокот на нападите на НАТО против тогашна СР Југославија, ја нарече таа интервенција „геноцид врз српската држава и народ“, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај на својот Фејсбук профил, каде што ја објави и одлуката за […]

Квадрат стан во Скопје лани чинел 760 евра, во другите градови 550


Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во Скопје, метар квадратен лани чинел 46.764 денари, што е за 7 отсто повеќе од 2017 година, додека во останатите населени места во државата цената била […]

Вучиќ: Ако опозицијата не сака избори, тогаш не ми е јасно што сакаат


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „опозицијата конечно треба да му каже на народот што сака, дали избори или неговата глава“, и порача да кажат дека ја сакаат неговата глава, бидејќи, како што рече, „поинаку не можат да победат и да дојдат на власт“, објави весникот Српски телеграф во денешното издание. Вучиќ во авторскиот текст […]

Влада: Дезинформација е дека ќе се легализира марихуаната


Марихуана нема да се легализира за рекреативни цели и не постојат тековни владини анализи по ова прашање. Ова го одговорија од владата по информацијата објавена од ТВ21 дека марихуаната ќе се легализира наскоро и дека тоа ќе биде спроведено првично од Охрид и Струга, со цел привлекување на повеќе туристи. „Станува збор за дезинформација. Не […]

Извозот во Русија се одвива непречено и бележи постојан раст


Македонската економија во првите неколку месеци од годинава бележи зголемување на вкупниот извоз на пазарот во Русија за 41 процент, од кои само кај земјоделските и прехранбените производи растот изнесува 90 проценти за месец јануари, споредено со истиот месец минатата година. Ова беше истакнато на денешната свеченост по повод одбележувањето 14 години Македонско-руска стопанска комора […]

Експериментална електрана во Јужна Кореа го предизвикала разорниот земјотрес


Јужнокорејските власти заклучија дека нивната експериментална геотермална електрана многу веројатно го предизвикала земјотресот со магнитуда 5,4 степени кој на 15 ноември 2017 година го погоди градот Поханг, пишува магазинот „Nature“. Властите ги објавија своите наоди на 20 март. Експерименталната геотермална електрана е класична електрана како и секоја друга електрана освен што пареата не се произведува […]

Новиот закон за социјална заштита ќе ги унапреди правата на лицата со попреченост


Министерството за труд и социјална политика тврди дека со новиот закон за социјална заштита не се кратат правата на лицата со попреченост, туку дека со него тие права се унапредуваат и прошируваат. – Со новиот Предлог-закон правото на попреченост покрај за телесните инвалиди, слепите и глувите, се проширува и за лицата со интелектуална попреченост. Но, […]

Кинезите градат нуклеарка среде море


Изградбата на првата кинеска нуклеарна електрана која ќе плута ќе почне годинава, вели Луо Чи, шеф на Кинескиот институт за нуклеарна енергија (NPI). Тоа ќе биде морска платформа опремена со помали нуклеарни реактори, кои може да обезбедат електрична енергија и топлина за областите до кои е отежнат пристапот, како што се зафрлените подрачја, острови и […]

Bekteshi: NATO ensures stability, new record of investments is expected in 2019


NATO accession ensures North Macedonia’s stability and security, contributing to the record rise in investments, said Minister of Economy Kreshnik Bekteshi. Economy Minister Bekteshi told local TV station Gura that most of the investors come from the EU, United States and Turkey, while a new record is expected in 2019 – about EUR 1 billion […]

Седум кандидати за двајца технички експерти во Комисијата за надзор на следењето комуникации


Седум кандидати се пријавиле на конкурсот на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите за две места за технички експерти за постојана поддршка. На денешната седница Комисијата ќе спроведе интервјуа со седумтемина кандидати. – За потребите за поддршка на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите отворивме […]

Популарната плажа „Навагио“ на Закинтос ќе биде делумно пристапна за туристите


Грција– Кон средината на следниот месец се очекува повторно да биде отворена популарната плажа „Навагио“ на грчкиот остров Закинтос, но само делумно, објавија грчките медиуми. Откако во септември минатата година по одрон на карпи и лизгање на земјиште беа полесно повредени седум лица, плажата, со одлука на крајбрежната служба од островот, беше затворена за туристите. […]

Од утре постудено, пад на температурата за десет степени


Под влијание на значително постудена воздушна маса, од утре до четврток ќе има зголемена облачност, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Управата за хидрометеоролошки работи најави дека ќе  дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за околу десет степени во […]

Parliament to decide on Wednesday on the laws that Ivanov refused to sign


Parliament on Wednesday will decide on part of the laws that President Gjorge Ivanov returned without his signature, stating that he has sworn to defend the interests of the Republic of North Macedonia. There are 27 laws on the 94th session so far, most of which have been vetoed by the head of state, so […]

Евросонг 2019: Тамара со прва проба на 7 мај


Македонската евровизиска претставничка Тамара Тодевска на 7 мај ќе ја има првата проба со песната „Proud“ на Евросонг во Тел Авив, Израел, дознава „Независен весник“. Македонската делегација ќе отпатува на престижниот музички настан еден ден претходно. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска, а за стајлингот на Тамара ќе се погрижи дизајнерот […]

Во Скопје првпат ќе се вози Ендуро крос паралелна трка


Клубот МК Ендуро Тим Водно – Скопје ќе биде организатор на Ендуро/крос паралелна трка која насекаде важи за една од нај атрактивните трки како за возачите така и за публиката. – Се работи за трка на која тројца или четворица натпреварувачи стартуваат истовремено а победник е тој што прв ќе стигне на целта.Трката се одвива […]

Кичевец „испрал“ повеќе од милион евра


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против Н.Ш. (39) од Кичево, а поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – “перење пари и други приноси од казниво дело”. Имено, тој во периодот од почетокот на 2016 година до крајот на август 2017 […]

Европската унија се подготвува за Брегзит без договор


Европската Комисија ги објави утрово подготовките за Брегзит без договор и ги повикува граѓаните и фирмите да се информираат за сите можни последици од ова сценарио, јави дописничката на МИА од Брисел. -Со оглед на тоа дека е сѐ поверојатно дека Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската Унија без договор на 12 април, Европската Комисија […]

Кастинг за гласови за анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата”


Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” во продукција на „Линкс студио“ објави кастинг за гласови, кој е отворен за сите заинтересирани. Продукцијата соопшти дека „Јон Вардар“ е анимирана апсурдна СФ-комедија и дека за разлика од филмската глума, тука таа најчесто треба да биде и попретерана од театралната. -Ликовите ќе бидат анимирани според […]

Мурињо со свој став: Мбапе вреди повеќе од Меси, Роналдо, Нејмар…


Реал Мадрид вршеше пресинг, се споменуваше Јувентус, англиските клубови се платежно моќни, но никој нема толку пари, трпение или преговарачки моќи за да го одведе Килијан Мбапе од „Паркот на принцовите“. Барем така смета Жозе Мурињо, карактеризирајќи го крилниот напаѓач на ПСЖ како највредната роба на светскиот фудбалски пазар и им порача на сите заинтересирани […]

Презентирани мерките за вработување „Шанса за сите“


Агенцијата за вработување денеска во просториите на Општина Аеродром го претстави оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година „Шанса за сите“. Мерките беа презентирани пред голем број заинтересирани работодавци и сопствениците на микро, мали и средни претпријатија, во присуство на градоначалникот Златко Марин. Директорката […]