Квадрат стан во Скопје лани чинел 760 евра, во другите градови 550


Просечната цена на метар квадратен станбена површина во 2018 година изнесувала 43.155 денари, што е за 3,2 отсто повеќе во однос на 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во Скопје, метар квадратен лани чинел 46.764 денари, што е за 7 отсто повеќе од 2017 година, додека во останатите населени места во државата цената била 33.157 денари, што е зголемување за 3,6 отсто од претходната година.

Што се однесува на просечната цена на метар квадратен во второто полугодие од 2018 година, таа е намалена за 3,9 отсто во однос на првото полугодие, а во Скопје намалувањето изнесува 2,8 отсто. 

Наведените просечни цени се без данок на додадена вредност.