Кинезите градат нуклеарка среде море


Изградбата на првата кинеска нуклеарна електрана која ќе плута ќе почне годинава, вели Луо Чи, шеф на Кинескиот институт за нуклеарна енергија (NPI).
Тоа ќе биде морска платформа опремена со помали нуклеарни реактори, кои може да обезбедат електрична енергија и топлина за областите до кои е отежнат пристапот, како што се зафрлените подрачја, острови и нафтени и гасни платформи, вели Луо за “Глобал тајмс“.
Според него, нуклеарната платформа која ќе плута, не зазема многу простор, нема да биде загрозена од земјотреси и нема да загадува. Платформата ќе ја гради Кинеската државна нуклеарна корпорација (China National Nuclear Corporation, CNNC).