Хрватски бискуп: Од абортираните деца се прават најскапите парфеми


Хрватскиот бискуп Јурај Језеринац ја шокираше јавноста со својата морбидна изјава во која вели „Од абортираните деца се прават најскапите парфеми“. Бискупот ова го рече вчера за време на прославата на денот на воената капеланија каде што ја предводеше мисата. За време на мисата, тој коментираше за скандалите поврзани со педофилијата во црквата и исто […]

(Видео) Пакистан објави снимки од соборениот авион и од заробениот пилот


Пакистанската војска тврди дека во среда наутро соборила два индиски воени авиони кои го нарушиле воздушниот простор на земјата во спорниот регион Кашмир. Телевизијата SAMAA објави снимка од падот на индискиот авион што го собориле пакистанските сили, пренесе Спутник. Претходно „Ројтерс“ јави дека најмалку три пакистански авиони влегле во воздушниот простор над индискиот дел на […]

Во Шведска уапсен руски шпион


Шведската полиција соопшти дека осомничениот руски шпион бил уапсен во Стокхолм. Апсењето се случи во вторникот вечерта и се претпоставува дека осомничениот бил вклучен во криминални активности од 2017 година. Шведската полиција не го соопшти името или полот на уапсеното лице. „Ова е лице е осомничено дека било регрутирано од страна на руски разузнавач кој […]

Пакистан го затвори својот воздушен простор поради конфликтот со Индија


Пакистан го затвори денеска својот воздушен простор поради опасност од поголем конфликт со соседна Индија, соопштија Управата за цивилно воздухопловство и воени претставници во земјата. Пакистанската Управа за цивилно воздухопловство (САА) потврди дека „официјално е затворен воздушниот простор до следната наредба“, а одлуката е донесена „поради ново создадената ситуација“. Сите авиокомпании се информирани за „прекин […]

Безбедни семејни паркинг зони за бремени жени и мајки со деца


„Безбедни семејни паркинг зони“ се воведуваат на паркиралиштата низ државава, каде бремените жени, мајките со деца, возачи со деца до три години, секогаш ќе имаат место за паркирање. „Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на Министерството за внатрешни работи. Оттаму и како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин, апсолутно ја поздравувам […]

Порошенко се качи на американски воен брод и испрати порака до Кремљ


Украинскиот претседател Петро Порошенко се качи на американскиот воен брод „Доналд Кук“ во Одеса, при што испрати порака до Москва. Петро Порошенко рече дека посетата на „Доналд Кук” на пристаништето во Одеса е важен сигнал за Кремљ. Според новинските агенции, тој сакал да ги истакне блиските односи меѓу САД и украинската армија. Порошенко се состана […]

Европски суд: Халал месото не може да добие лого на органска храна


Европското „био“ лого за органска храна не може да се применува на халал месото, одлучи Европскиот суд на правдата. Судот оцени дека начинот на колење на месото во производството на халал исхраната не ги почитува „највисоките стандарди за благосостојба на животните“. Предметот пред Судот го поднесе француска организација за заштита на животните во 2017 година, […]

Бугарија вмешана во интернет-измама од 100 милиони евра


Австриската полиција открила голема интернет-измама во сферата на финансиската трговија во која, според првичните проценки, се измамени жители на Европската Унија за околу 100 милиони евра. Дел од инфраструктурата преку која се вршела измамата се наоѓа во Бугарија. Се смета дека во операцијата била користена лажна онлајн-платформа за трговија со странски и криптовалути, како и […]

Рами Малек одлучил да го игра Меркјури откако дознал дека се вика Фарук Булсара ?


Оскарот за Рами Малек во улогата на Фреди Меркјури во филмот „Bohemian Rhapsody“ беше едно од изненадувањата на годинашното доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука. Малек беше прв кој одговори на критиките за филмот и за неговата изведба. Тука неизбежен дел има и неговата лична приказна. Малек израснал во египетско […]

Муртинец повреден при пад од трактор


Во вторникот вечерта на Клиники, донесен е повреден тракторист. Во 21.30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Н.(23) од село Муртино, струмичко. Според пријавата,  истиот ден околу 15 часот во атарот на село Муртино, М.Н. управувајќи трактор удрил во земјен брег […]

(Видео) Италијанскиот премиер ја учеше Тереза Меј да игра билјард


Италијанскиот премиер Џузепе Конте и неговата британска колешка Тереза Меј, во текот на неодамнешниот самит на ЕУ и Арапската лига во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, одиграа партија билјард во текот на кој разговараа за нејзините танцови вештини, но и за Брегзит. Снимката на својот Твитер ја објави конте и под неа напиша „Играме билјард“. […]

Гуаидо наскоро се враќа во Венецуела и почнува нови протести


Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо вети дека наскоро ќе се врати во Венецуела за да почне нови протести против претседателот Николас Мадуро. Гуаидо оваа порака ја испрати од Колумбија, по состанокот со регионални дипломати и американскиот потпретседател Мајк Пенс. Тој рече дека наредните денови ќе го објави датумот кога ќе се врати, као и акциите […]

Додик: Република Српска ќе се одвои од БиХ ако се смени името


Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека Република Српска ќе спроведе референдум и ќе се одвои од БиХ доколку иницијативата на Партијата за демократска акција (СДА) за промена на името стигне до Уставниот суд на БиХ. – Ние се согласивме, и власта и опозицијата, дека ќе преземеме мерки за утврдување на […]

Евакуација на Калифорнија поради бура


Бура ја погоди северна Калифорнија, а населението доби наредба за евакуација. Илјадници луѓе долж надојдената река, добија наредба за евакуација откако снежна бура ја погоди северна Калифорнија, го натопи подрачјето на заливот Сан Франциско, а Сиера Невада ја прекри со снег. Неколку десетина заедници долж Руска река во подрачјето на Сонома доби наредба за евакуација […]

Нови 212 вработувања во Алкалоид, раст на добивката


„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 7.506.114.294 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци […]

(Видео) Кина гради хоризонтален облакодер


Кинескиот проект „Рафлс Сити Чонгџинг“, кој многумина го нарекоа инженерско чудо, е речиси завршен, пишува CNN. Моше Сафди, познатиот архитект, го конструираше комплексот кој се состои од осум облакодери и голем поврзувачки премин, наречен хоризонтален облакодер. Целата конструкција има 1,12 милиони квадратни метри. Овој амбициозен градежнички проект, се наоѓа во центарот на градот Чонгџинг, што […]

Пакистанската армија урна два индиски авиони


Пакстанските Вооружени сили соопштија дека собориле два индиски воени авиони, за кои се тврди дека навлегле во воздушниот простор на Пакистан. – Пакистанското Воено воздухопловство урна два индиски авиони, што се наоѓа во воздушниот простор на Пакистан, објави на Твитер армискиот портпарол генерал Арид Гафур. Според него, едниот од авионите паднал во пакистанскиот дел на […]

„Еделвајс“ најави летови Цирих-Охрид од април годинава


Швајцарската авиокомпанија „Еделвајс“  објави дека од 6 април годинава ќе лета двапати неделно на линијата Цирих – Охрид и обратно. „Еделвајс“ ќе сообраќа на новата линија од Цирих до аеродормот „Св. Апостол Павле“ секоја сабота, а од јули до август и секој вторник. Линијата ќе ја опслужува со авион од типот „Ербас А 320“. На […]

„Српски Телеграф“: САД сакаат решавање на косовскиот проблем до крајот на годинава


Главниот директор за европски прашања во Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Ерат и директорот за европски прашања во Советот за национална безбедност на Белата куќа Вилијам Бред Беркли, за време на дводневната посета на Белград и состанокот со шефот на дипломатијата Ивица Дачич, недвосмислено порачале дека сакаат годинава да се реши прашањето […]

Ново мнозинство или големо проветрување на „Илинденска“


Сериозни кадровски промени по претседателските избори, односно на двегодишнината од преземањето на власта планира СДСМ, според неофицијални информации од партијата. На таа тема веќе се разговарало во најтесното партиско раководство, при што било проценето дека е неопходна потемелна реконструкција во извршната власт, односно не само во владиниот кабинет туку и во третиот ешалон. Кадровските промени, […]