Порошенко се качи на американски воен брод и испрати порака до Кремљ


Украинскиот претседател Петро Порошенко се качи на американскиот воен брод „Доналд Кук“ во Одеса, при што испрати порака до Москва.

Петро Порошенко рече дека посетата на „Доналд Кук” на пристаништето во Одеса е важен сигнал за Кремљ. Според новинските агенции, тој сакал да ги истакне блиските односи меѓу САД и украинската армија.

Порошенко се состана со американскиот специјален пратеник за Украина, Курт Вокер. Тој му се заблагодари за зголеменото американско присуство во Црното Море по инцидентот во заливот Керч, кога Русија заплени украинските бродови и зароби неколку морнари.

Вокер ја опиша својата посета како „одличен показател“ за посветеноста на САД кон украинскиот народ.