Муртинец повреден при пад од трактор


Во вторникот вечерта на Клиники, донесен е повреден тракторист.
Во 21.30 часот во СВР Скопје, од комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Н.(23) од село Муртино, струмичко.
Според пријавата,  истиот ден околу 15 часот во атарот на село Муртино, М.Н. управувајќи трактор удрил во земјен брег и паднал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.