Хрватски бискуп: Од абортираните деца се прават најскапите парфеми


Хрватскиот бискуп Јурај Језеринац ја шокираше јавноста со својата морбидна изјава во која вели „Од абортираните деца се прават најскапите парфеми“. Бискупот ова го рече вчера за време на прославата на денот на воената капеланија каде што ја предводеше мисата.

За време на мисата, тој коментираше за скандалите поврзани со педофилијата во црквата и исто така се осврна на оние жени што решаваат да ја прекинат бременоста.

„Денес под жесток удар е само црквата, Католичката црква, а другите не. Интересно, во најголем број случаи се работи за… да не зборуваме за што се работи, за нешто што се случило пред 50, 60, 70 години. Сега, кој може да го докаже тоа. Денес тие секојдневно ги убиваат децата во болниците повикувајќи на правото на жената како нивните деца ги немаat истите тие права. И знаете што се прави со месото на овие деца? Ако не сте знаеле, ќе ви кажам – најскапите парфеми“, рече тој за време на мисата.

По оваа изјава, многумина почнаа да се прашуваат кој е епископот кој целосно ја релативизира педофилијата во Католичката црква и го префрла фокусот на „најскапите парфеми направени од абортирани деца“?

Језеринац е роден на 23 април 1939 година во Језерени. Тој посетувал Надбискупска класична гимназија во Загреб, а потоа дипломирал теологија при Католичкиот богословски факултет.

Станал свештеник во 1966 година во Загреб, а во 1980 година емигрирал во Канада и таму поминал 10 години. Потоа се вратил во Хрватска, каде што бил во текот на војната.