Македонија под нулата, најстудено во Берово -14 степени


Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово. Најстудено било во Берово -14 Берово, -12 Битола, Лазарополе и Струмица, -11 Прилеп и Маврово, -10 Крушево, минус осум Крива Паланка, минус седум Демир Капија, минус шест Претор, минус пет Охрид, минус четири Тетово, Скопје Петрпвец и Куманово, Врнежи имало во Пожаране, Маврово, Скопје Зајчев Рид, […]

МЗ: Досега 1.079 деца примиле МРП вакцина


МРП вакцина вчера до 19 часот примило 21 дете.  Досега се вакцинирани 1.079 деца. Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), соопшти синоќа Министерството за здравство. Од Министерството за здравство апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца. МРП вакцината е висококвалитетна, а производител е компанијата Глаксо Смит […]

Заев: Божик да биде еден од многубројните денови годинава исполнети со радост


Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, упати честитка по повод Христовото раѓање – Божик. Во честитката потсетува дека овој голем празник не повикува да го чествуваме не само заради историјата, а уште помалку, и најмалку заради обичаите, туку како празник потсетник да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање, […]

Роналдо за Нова година во Дубаи


OAE-Фудбалскиот ас Кристијано Роналдо ја дочека Новата година со својата љубов и мајка на неговото четврто дете, Џорџина, на „висока нога“. За дочек на Новата година фудбалерот го одбра Дубаи кадешто времето е топло. Изборот, како и обично, бил суперлуксузна локација која ќе им осигура и приватност. Сепак, вљубениот пар одлучиле да споделат од дочекот […]

„Квантас“ е најбезбедна авиокомпанија во светот, петта година по ред


Австралиската авиокомпанија „Qantas“ беше избрана за најбезбедната авиокомпанија во светот во 2019-та година според ранг-листата на „AirlineRatings.com“ во која се вклучени 405 превозници. „Qantas“ го зазема првото место од 2014-та година. За изготвување на листата, сајтот зема во предвид неколку фактори, како инциденти со авиони на авиокомпании, профитабилноста, возраста на флотата и иницијативите за подобрување […]

Хрватски детски филмови во Кинотека на Македонија


Во Кинотека на Македонија од 9 до 16 јануари ќе се одржи ревија на филмови за деца од хрватската кинематографија. „Хрватските детски филмови се присутни во хрватската кинематографија многу често како екранизација на веќе постоечки книжевни успеси. Но, самата застапеност не би била доволна доколку тие не припаѓале на самиот врв на уметнички успешните филмови, за […]

Деновиве со температури под нулата, најстудено во вторник


Времето утре ќе биде студено, а наутро и претпладне со услови за слаб снег претежно во западните планнски делови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. На југоистокот ќе биде претежно сончево. Минималните температури ќе се движат од минус 16 до 4 степени под нулата, а максималните од минус […]

Сопругата на Макрадули добила тендери за 90.000 евра, тој смета дека нема конфликт на интереси


Фирма каде еден од сопствениците е Маја Трендафилова Макрадули, сопругата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, добила девет тендери вредни околу 90 илјади евра во периодот додека тој ја извршува функцијата во министерството за животна средина. Станува збор за фирмата „Опен мајнд солушнс“ каде Трендафилова има 25 отсто сопственички удел. Заменик министерот Макрадули вели […]

Берово меѓу најпосетените градови за празниците


Берово во изминатите десетина дена беше едно од најпосетените места во Македонија. Причина за ова како што наведуваат туристичките работници се Новогодишните и Божикните празници кои придонесоа во најголем дел да бидат резервирани сите поголемите туристички капацитети во градот. Меѓу најбројните гости, според угостителите, се туристите од Бугарија, но и гостите од Скопје. -Имаше голема […]

Џафери: Бидете среќни и задоволни, во мир, спокој и благостојба


Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упати честитка до верниците од православна вероисповед по повод Божик. – Да Ви посакам празникот да го поминете во мир, спокој и благосостојба, во топлината на вашите домови, опкружени од вашите најмили, да Ви посакам добро здравје, личен и колективен успех во животот, работата, бидете среќни и […]

Во Штип комеморација за фудбалската легенда Драгослав Шекуларац


Во Штип пред споменикот посветен на фудбалската легенда Драгослав Шекуларац, кој се наоѓа пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Правниот факултет денеска се одржа комеморација на која присуствуваа негови роднини, спортски работници, пријатели и градоначалникот на Општина Штип. Шекуларац беше омилен меѓу штипјани, бидејќи во 1937 е роден токму во Штип, по што заедно […]

Моравјецки: Ќе ги затвориме сите „ескејп соби“


Полска-Полска ќе ги затвори сите „ескејп соби“ кои не ги исполнуваат безбедносните стандарди, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Тој ова го изјави по пожарот во една играчница „Ескејп рум“ во кој загинаа пет тинејџерки. – Ова е без преседан. Секој облик на превенција е важен, рече Моравјецки. Тој додаде дека наредил да се изготви […]

Меј: Ако пропадне договорот, се наоѓаме на непозната територија


Англија – Доколку Парламентот не го прифати договорот за Брегзит, Британија ќе се најде на непозната територија, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј. – Ако договорот не биде усвоен на претстојното гласање, тогаш всушност ќе бидеме на непозната територија. Не мислам дека некој може точно да каже што ќе се случи во врска со реакцијата […]

Нишикори ја прекина црната серија и ја освои титулата во Бризбејн


Австралија– Јапонскиот тенисер Кеј Нишикори го освои турнирот во Бризбејн (Австралија). Вториот носител на турнирот, Нишикори го победи четвртиот Даниел Медведев со 6:4, 3:6, 6:2 и ја прекина серијата од девет последователни порази во финалето на АТП турнири од февруари 2016 година, кога за последен триумфираше во Мемфис (САД). Деветтиот во светската ВТА листа започна […]

АСО:Поседувањето зелен картон останува лично право на избор на возачот


Во врска со објавените текстови во дел од медиумите во кои се тврди дека зелениот картон ќе биде задолжителeн со регистрација на автомобили, Агенцијата за Супервизија на осигурување најостро ги демантира и ги оценува  наводите како дезинформации, невистинити, а преземениот цитат од интервјуто за МИА даден од претседателот на совет на експерти Климе Попоски е […]

Шилегов: Успешно се справуваме со снегот


Градските власти успешно се справуваат со снегот што од утрина врне во главниот град, порача денеска градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов. -Главните улици за чие одржување е одговорен градот се целосно проодни и успеавме да ги доведеме до ниво да нема снег на коловозот. Очекуваме попладнево и во среда да има поинтензивни врнежи од […]

Општина Аеродром го расчистува снегот од улиците и пешачките патеки


Зимската служба на Општина Аеродром од утрово работи на расчистување на снегот од улиците и пешачките патеки во Горно и Долно Лисиче, населбата Лисиче, како и улиците Тодор Чангов и Ѓорѓи Капчев. Општина Аеродром, како што соопштуваат,  располага со 50 тони сол и две сопствени возила за зимско одржување на улиците, а службите се подготвени […]

Ѕанакопулос: За Договорот од Преспа постои мнозинство во грчкиот парламент


Грција – Секогаш сметав дека Договорот од Преспа, на балансиран, праведен и корисен начин ги решава прашањата што предизвикуваа сомнежи и поделба меѓу нашата земја и ПЈРМ, вели министерот без ресор на Грција и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос во интервјуто за грчката новинска агенција АНА-МПА и додава дека доставените уставни амандмани, но и последните изјави на […]

Папа Франциско: Европските лидери да не се препукуваат околу мигрантите


Италија- Папата Франциско денеска ги повика европските лидери да прекинат со препукувањата во врска со судбината на 49 мигранти „заглавени“ на два хуманитарни спасувачки брода во Средоземно море. – Искрено ги повикувам европските лидери да покажат конкретна солидарност кон тие луѓе, рече Папата на плоштадот пред десетина илјади луѓе. Потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи ди Мајо […]

Анкета: Повеќето Британци сакаат да останат во ЕУ


Англија– Повеќе Британци сакаат да останат во Европската унија, отколку да ја напуштат, покажа анкета што ја спроведе агенцијата за истражување на јавното мислење „ЈуГов“. Анкетата исто така покажува дека Британците би сакале сами да донесат конечна одлука за статусот на Велика Британија во Европската унија. Ако референдумот се одржи денеска, 46 отсто од британското […]