Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија


Ниту еден од шефовите на држави и влади на земјите членки на Европската Народна Партија денеска не сакаше да коментира за одобрениот азил на Никола Груевски во Унгарија (ЕПП). Единствено еврокомесарот за проширување Јоханес Хан искоментира дека ќе се обиде да го праша Виктор Орбан за појаснувања на маргините на средбата. Пред Самитот на ЕУ […]

Тачи изврши смотра на Безбедносните сили, ден пред гласањето за војската на Косово


Косовскиот претседател Хашим Тачи изврши попладнево смотра на Безбедносните сили на Косово (ФСК), на еден ден пред утрешното гласање во Собранието за нивна трансформација во вооружени сили. Косовскиот претседател и врховен командант на ФСК во своето обраќање во касарната „Адем Јашари“, изјави дека трансформацијата на сегашните Безбедносни сили во војска на Косово не претставува опасност […]

Thaçi: Ushtria e Kosovës në mbrojtje të gjithë qytetarëve pa dallime etnike


Presidenti i vendit, Hashim Thaçi, ka thënë se populli ynë e krijoi ushtrinë para se të fitojë lirinë, njofton Klan Kosova. Thaçi në fjalimin e tij para ushtarëve të FSK-së, ka ritheksuar se shteti jonë ka kaluar nëpër sfida deri më sot, por duke arritur qëllimin. “Kosovë, urime ushtria. Sot, ju pjesëtarë të Forcës së Sigurisë […]

МВР апелира: Не употребувајте петарди


Согласно Законот за прекршоци, против јавниот ред и мир на лице кои неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му биде изречена глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Согласно Кривичниот […]

Венгер му предложи на Зидан да ја продолжи кариерата во Премиер лигата


Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер го советуваше својот сонародник, Зинедин Зидан да ја продолжи кариерата во Премиер лигата. Зизу е без ангажман од крајот на минатата сезона, кога неочекувано го напушти Реал Мадрид, откако третпат го освои трофејот во Лигата на шампионите. – Зошто да не? Ако сакаш да работиш на високо ниво, треба […]

Само две од 20 кафулиња од Центар ги отстраниле дивите тераси


Само една дискотека во Градскиот парк и едно кафуле од Дебар Маало ги дислоцирале дивите тераси, од над 20 објекти до кои Општината Центар достави решенија самите да си ја повлечат урбаната опрема. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека останатите ќе ги руши Општината со асистенција на полицијата, а сè што ќе затекне ќе им заплени. […]

Претседателот Мета не го потпиша Законот за буџетот за 2019 година


Албанскиот претседател Илир Мета не го потпиша Законот за буџет за 2019 година и попладнево го врати до Собранието на повторно разгледување. Во образложението се наведува дека буџетот треба да обезбеди простор за исполнување на студентските барања. – Претседателот на Републиката, Илир Мета, следејќи ја внимателно најновата политичка ситуација во земјата, поздравувајќи го широкиот јавен […]

Тирана реагира на обвинувањата на Атина за одземање на имот на албанските Грци


Официјална Тирана реагираше на изјавата на грчкото Министертво за надворешни работи, во која се обвинува албанската Влада дека „приватните имоти  на припадниците на грчкото малцинство се одземаат произволно и ги дава за туристички проекти“. Албанското Министерство за надворешни работи во реакцијата наведува дека правото на сопственост е уставно право кое неселективно и подеднакво го уживааат […]

Белами: Со ваква игра Погба не смее да се појави против Ливерпул


Пол Погба не смее да биде дел од Манчестер Јунајтед за дербито против Ливерпул в недела на „Енфилд“, одени Крег Белами по синоќешниот пораз на „Црвените ѓаволи“ од Валенсија. Англичаните загубија со 1:2 и ја пропуштија шансата да завршат први во групата, откако во вториот натпревар Јувентус неочекувано претрпе пораз од Јанг Бојс. На дуелот […]

Уапсени двајца Срби на паркингот на Министерството за безбедносни сили на Косово


Две лица од српска националност се уапсени денеска на паркингот на Министерството за бебедносните сили на Косово (ФСК). Според порталот „Калѕо“, уапсените биле во автомобил со белградски регистерски таблички и тврделе дека го загубиле патот и дека ја бараат зградата на Поштата на Косово, која се наоѓа во тој дел од градот. Полицијата и ФСК […]

Прекинат штрајкот во „Идризово“, затворската управа ќе ги пренесе барањата на затворениците


Штрајкот на затворениците во „Идризово“ е ставен во мирување. Прекинот бил договорен со затворската Управа со која договориле системски да се разгледаат нивните барања. -Ние осудените лица го известуваме директорот на КПД „Идризово“ дека од денес претходно најавениот штрајк го ставаме во мирување, бидејќи со него е постигнат договор да ги претставува нашите барања пред […]

САД: Трансформацијата на Безбедносните сили во војска – историски ден за Косово


Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет изјави дека утрешното гласање во косовскиот Парламент за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово претставува историски датум за земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на својот профил на Твитер, Коснет напиша дека САД го поддржуваат професионалниот развој и организациската трансформација на ФСК […]

Aleksandra dhe Vllatko Mijallkov, shënjestër e përgjimeve në DSK


Aleksandra dhe Vllatko Mijallkov, respektivisht bashkëshortja dhe vëllai i Mijallkovit kanë qenë shënjestër e përgjimeve të DSK-së. Kështu deklaroi dëshmitari i sotëm Gjorgji Llazarevski, në rastin “Target-Fortesa”. I pyetur nga ana e prokurorit se a ka pasur ndonjë target të ndjeshëm ai dha emrat e Aleksandra dhe Vllatko Mijallkovit. Pas dëshmive të grumbulluara me vite […]

Се распаѓа јавниот превоз на Скопје


Јавниот превоз на Скопје е пред колапс, а возењето со ЈСП за патниците секојдневно е сè потрауматично искуство. Наместо брз, ефикасен и еколошки транспорт, каков што заслужува секој современ град, Скопје е заложник на проблемите што ни ги отворија кинеските даблдекери и украинските автобуси, кои по само неколку години се покажаа како многу неквалитетни и […]

Министерот за култура Адеми ја прими амбасадорката на Австрија


Министерот за култура Асаф Адеми денеска во просториите на Министерството за култура оствари работна средба со амбасадорката на Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер. На средбата стана збор за досегашната соработка во областа на културата, како и за идните активности преку кои ќе се унапредува културната размена на проекти и уметници меѓу двете земји. Двајцата […]

Џибони и Влатко Стефановски: Сѐ што ни треба е љубов


Хрватскиот кантавтор Џибони пак ќе биде ѕвездата на годинешното издание на фестивалот „Ол ју нид ис лав“(All you need is love) на 23 декември во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на продукција „Авалон“. Преттходно, гитарската легенда Влатко Стефановски со својот бенд ќе има целовечерен настап на годинешното издание на фестивалот, а ќе […]

ЕВН и ЕЛЕМ Трејд единствени во трката за универзален снабдувач со струја


ЕВН Македонија и ЕЛЕМ Трејд ќе се борат за ексклузивно право да бидат Универзален снабдувач на домаќинствата и фирмите кои нема да тргуваат на слободниот пазар со струја. Актуелниот снабдувач понуди 14,4% бруто маржа, а пак ЕЛЕМ Трејд 14,9%. -Во согласност со тендерската документација беа прочитани следните елементи на понудите, понудена бруто маржа и доставена […]

Се зголемува заштитната цена на такси превозот во Куманово


Заштитната цена на такси во Куманово се зголемува од 50 на 60 денари, одлучија советниците на денешната седница. Здруженијата на такси превозниците, претходно, информираа од општината, барале зголемување на заштитната цена и на цена од километар, бидејќи со сегашната цена не успевале да остварат финансиски бенефит. -Поптполно ги разбираме потребите на такси превозниците, во услови […]

Чадиковски и Наумов во трката за претседател на ЗНМ


До Здружението на новинари на Македонија пристигнати се две кандидатури за претседател на здружението. Кандидатури имаат поднесено Младен Чадиковски и Стојанче Наумов. Чадиковски, како што соопшти денеска ЗНМ, доставил програма за работа, додека Наумов најавил дека ќе ја презентира својата програма пред членовите на самото Собрание. До вчера до полноќ до кога беше последниот ден […]

„Таргет-Тврдина“ продолжува на 26 декември


На 26 декември со вкрстено испрашувањее на сведокот Ѓорѓи Лазаревски треба да продолжиа рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство во кој  обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК […]